Новите мерки против ширењето на вирусот неделава пред пратениците, гласањето неизвесно

Народните избраници наредната недела ќе одлучуваат дали маски задолжително ќе се носат и на отворено.

Оваа и мерките за забрането групирање после 22 часот на јавни места за повеќе од четворица, како и забраната за поголеми семејни собири...се веќе во Собрание. Министерот за здравство Венко Филипче, верува дека пратениците ќе дадат зелено светло за потребните измени во Законот за заштита од заразни болести.

„Со амандманска интервенција практично ќе имаме можност веќе следната недела да интервенираме во самата постапка и законот верувам дека за кратко време со оглед на тоа што е донесен да биде по скратена постапка, дека ќе се реализира. Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира во законот поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во Уредбата со законска сила којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба.“ вели Венко Филипче, министер за здравство .

Изгласувањето на измените можно е да зависат од гласовите на опозицијата, со оглед на фактот што во моментов владејачкото мнозинство е на тенки нозе. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека ќе даде поддршка на се што е во насока на борба со Ковид 19, иако се пожали дека за мерките опозицијата не била консултирана.

„Тука сме, стоиме на располагање со сиот свој потенцијал како политичка партија, како опозиција да им помогнеме на граѓаните, па дури и да соработуваме со оние незнајковци од политичката комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев.“ /„Нека ми каже некој кои се тие мерки јас не ги знам тие мерки, каков е тој закон ?! Па еве носиме маска, тоа се мерки коишто веќе постојат, не треба сега ново гласање, ако треба еве ќе ги поддржиме за маска на отворено.“изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен предложените мерки кои се во процедура, вчера од комисијата за заразни болесни најави дека е можно од понедленик да се предложат и нови рестрикции, како што е ограничување на работното време на ресторани, кафулиња, сендвиочари, пекари до 23 часот, преполовување на капацитетот на јавниот превоз, како и забрана за настани...

Видео-Фото: Милијардерка во минијатурно бикини

Фотографија од 10 милиони лајкови, милијардерка во минијатурен костим за капење, но сите гледаа во базенот зад неа.

Најмладата милијарерка во САД, реалите ѕвездата и бизнисменка Кајли Џенер за момент не е во центарот на вниманието, „шоуто“ и го украде нејзиниот базен?!

Кајли уште еднаш освои астрононски број на лајкови на социјалните мрежи со една објава .

Но, сега најголемиот број од добиените лајкови не се поради нејзиниот атрактивен изглед, шминка, бујни облини...

Фановите најмногу гледале во базенот на Кајли а не во нејзините силикони, тоа го покажуваат 7 милиони прегледи на нејзиното видео.

Во Србија 1483 новозаболени, 19 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 9434 лица, од нив позитивен тест на коронавиурусот имале 1483, од последици предизвикани од корона починале 19 лица.

Според последите податоци од Министерството за здравство на Србија и Институтот „Батут“ во болниците низ земјата на респиратор се вклучени 165 пациенти.

Најголем број на новозаболени има во Белград 411, потоа Ниш, 51, Ужице и Краљево 42...

Хаос во Москва,протест на подржувачите на Навални, уапсени најмалку 1600 демонстранти

Во Москва денеска поддржувачите на лидерот на опозицијата Алексеј Навални оддржаа протести. Со овој протест тие сакаа да му изразат поддршка на уапсениот Навални.

Во центарот на Москва според проценката на Ројтерс протестирале околу 40 000 граѓани. Инаку Навални на 17 јануари беше уапзсен од руската полиција веднаш по пристигнувањето на аеродромот Шереметјево по лекувањето во Германија .

Во центарот на рускиот главен град полицијата ги пречека демонстрантите и преку разглас им порача.

„Драги граѓани, овој собир е незаконски.Даваме се од себе за да ја осигураме вашата безбедност. Бидете внимателни, и ако е можно напуштете го овој илегален настан“, пренесе Индекс.

Според најновите информации на новинарите коие го следеле протестот, полицијата досега уапсила најмалку 1600 демонстранти, меѓу нив е и сопругата на Навални, Јулија.

притисни ентер