Новите амбасадори во Германија и Канада пред пратениците

Македонија има пријател во Германија и треба да се работи на одржување на ова пријателство преку политички дијалог на највисоко ниво, истакна денеска пред пратениците во своето обраќање новиот македонски амбасадор во Берлин Сашо Марковски.

Билатералните односи меѓу Македонија и Германија се интензивни и имаат значајна динамика, но постои можност за нивно продлабочување.

- Немаме отворени прашања, единственo нашиот ангажман за признавањето на нашето уставно име. Поткрепа за овој наш став или барање е секако одлуката на германскиот Парламент да се поддржи нашето уставно име во 2004 година, но во моментов СРГ прашањето за името со Грција го смета за билатерално и секое изнаоѓање решение во повеќе наврати повтори дека ќе го потврди, изјави Марковски.

Германија целосно не поддржува во реформите за доизградба на мултинационална демократија со јасна европска перспектива. Во однос на ЕУ и НАТО, Германија ја поддржува и е партнер на Македонија. - Но, повторно доаѓаме до потребата од решавање на спорот за името со Грција, изјави Марковски.

На економски план соработката е доста добра, оцени тој, посочувајќи дека во 2013 година Германија била прв трговски партнер на РМ, додека трговската размена во 2014 со оваа земја изнесувала 2,12 милијарди евра, 1,53 извоз и 589 милиони увоз.

Државјаните на Македонија се меѓу првите десет баратели на азил во Германија во 2014 година односно тие се на седмото место. На врвот на листата се Сиријците, Србите, Авганистанците. Од 202.000 баратели во 2014, само на 25,8 отсто им е позитивно одговорено.

Според официјалните податоци во оваа земја живеат 65.000 иселеници од Македонија, но проценките според амбасадорот Марковски се дека има околу 85.000 лица со потекло од Македонија. За жал, рече амбасадорот, има повеќе барања за отпуст на државјанство отколку за добивање македонско државјанство, дека во конзулатот во Минхен просечно годишно има 85 барања за откажување на македонското државјанство.
Заедниците се добро организирани. - Таму веќе има трета генерација иселеници и должни сме да направиме силен ангажман и добри релации со нив, вели новиот амбасадор.

Пратеникот Антонио Милошоски посочи дека повеќе од јасно е оти Германија е политички и економски предводник и играч во ЕУ и тоа го прави и нашиот ангажман и нашиот однос посериозен.

- Ваша задача ќе треба во Берлин да биде да се изборите за вниманито на Германија кон РМ посебно во услови на голема конкуренција од други прашања, бидејќи германската политика во моментов е многу насочена кон прашањето со Украина и Русија, посветуваат внимание на прашањето со Молдавија, на кипарското прашање, на глобалните феномени кои не ја одбегнуваат ниту Европа со своите последици, а тоа се случувањата во Ирак, Сирија, во Египет, во Либија и на многу други нешта, но во секој случај она што нам ни дава за право дека треба да го добиеме нашето внимание е токму од Германија од почнатиот берлински процес минатата година кога канцеларката Меркел ги покани на заедничка конференција сите шефови на држави и влади од земјите на Западниот Балкан, истакна Милошоски.

Според него овој берлински процес што оваа година треба да продолжи во Виена, Австрија и следната година во Париз, Франција може да биде добра прилика за нас, но и за земјите членки на ЕУ во следните пет до седум години да ја затвориме таа заедничка геостратешка цел и земјите од овој регион да станат земји членки на ЕУ, а во случајот со Македонија што поскоро и земја членка на НАТО.
Посочи дека она што ќе биде особено добро како парламентарци е да продолжи со Германија добрата меѓупарламентарна соработка и амбасадорот да успее во текот на оваа година да обезбеди и да создаде услови за размена на повисоки билатерални посети на владино ниво, на министерско и на претседателско ниво.

За актуелната состојба во Македонија рече дека таа треба да биде аргумент повеќе за отпочнување преговори за членство во ЕУ.

Приоритети на новиот македонски амбасадор во Канада, Тони Димовски се натамошно продлабочување на билатералните односи помеѓу двете земји, како и организирање посети на највисоко ниво. Меѓу економските цели се зголемување на трговската размена, конкретни директни инвестиции, туризмот, особено руралниот и екотуризмот и сообраќајот односно развивање на идејата за чартер летови од Македонија кон Канада и обратно.
Според официјалните податоци од 2006, во Канада 37.000 лица се декларирале како Македонци, но според амбасадорот, без резерва перцепцијата е дека таму живеат од 150.000 до 200.000 лица со потекло од Македонија. Така, една од неговите цели е нивно подобрување на релациите со матичната држава. Како една од можностите е зголемување на бројот на почесните конзули за подобро групирање на нашите во Канада.

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер