Новиот Гувернер на НБРМ Трајко Славески, гостин во „Само Интервју“ - Канал 5

Новиот Гувернер на НБРМ Трајко Славески, гостин во „Само Интервју“

„СДСМ не може да ми ја прости улогата за критиките околу приватизацијата и борбата со олигархијата во тоа време“

Новиот Гувернер на НБРМ Трајко Славески, гостин во „Само Интервју“

- Мојата заложба беше да функционира советот на Град Скопје, да не трпи работата на јавните претпријатија.

- Лично се заложив во ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржиме Бежовска во кандидатурата.

- СДСМ не може да ми ја прости улогата за критиките околу приватизацијата и борбата со олигархијата во тоа време.

- Независноста на НБРМ никогаш нема да ја доведам во прашање.

- Бежовска добро ја водеше институцијата, но доцна започна со мерките за инфлација.

- Граѓаните се алергични на инфлација, од 1997 година ние имаме стабилен девизен курс.

- За да постигнеме ниска инфлација неопходна е координација со монетарната политика и умереност меѓу профитните стапки и маржи.

- Минатата година имаме 10% раст на доходите и платите, а тоа влијае на раст на цените.

- Доколку се обезбедат средствата за да го зголемат економскиот раст, задолжувањата се оправдани.

- Посилна валута не секогаш е добра работа, го поефтинува извозот а го поскашува увозот

- Центалната банка добро раководи со државните резерви

- Сега за сега не размислувам за административно ограничување на провизиите

- Во отсуство на екстерен шок, граѓаните можат да бидат сигурни, курсот на денарот останува стабилен.

YouTube video

YouTube video

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Најмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресите предизвикаа и материјална штета, што дополнително ќе се проценува.

притисни ентер