Новинари на ВоА и на РСЕ биле шпионирани со Пегаз

Алатката за шпионирање, наречена Пегаз, е развиена од израелската компанија НСО Груп.

Американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ) е револтирана од извештаите дека повеќе од 180 новинари, вклучително и од Гласот на Америка (ВоА) и од Радио Слободна Европа (РСЕ), наводно биле цел на софистициран шпионски софтвер од воена класа, соопшти УСАГМ.

– Следење приватни разговори на новинари на кој било начин е неприфатливо. Оваа злоупотреба мора да престане, а новинарите мора да бидат заштитени, истакна рече вршителот на должноста директор на УСАГМ, Келу Чао.

Истрагата на медиумскиот конзорциум наречен „Проект Пегаз" откри дека шпионски софтвер наменет за владите да ги следат терористичките активности бил користен за обид за хакирање на паметни телефони на новинари, активисти за човекови права, директори на компании и владини службеници.

Алатката за шпионирање, наречена Пегаз, е развиена од израелската компанија НСО Груп.

Вашингтон пост, кој е дел од конзорциумот, објави дека меѓу новинарите кои биле цел на софтверот има и неколкумина од Гласот на Америка.

Во новиот извештај на Проектот за известување за организиран криминал и корупција, кој исто така е дел од конзорциумот, се истакнува дека азербејџанската Влада го користи софтверот Пегаз за да шпионира стотици локални активисти и новинари, вклучително и петмина сегашни и поранешни дописници на РСЕ

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер