Нови уредени површини за населбата „Зелен рид" вети Илиевски

Нови уредени површини за населбата „Зелен рид" вети кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Илиевски.

Нови уредени површини преку проектот „Мој Еколог" за населбата „Зелен рид" вети кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски на денешната прес-конференција.

Според Илиевски, населбата е една од најубавите во градот, одвоена од сообраќајниот метеж и потребни ѝ се уредени површини. Тој вети изградба на мултифункционални, осветлени игралишта со современи реквизити кои ќе им овозможат на младите да спортуваат и простор за рекреација на граѓаните.

– Вакви јавни површини кои се од огромно значење на жителите на „Зелен Рид" и низ цело Куманово не смеат да останат неуредени. Игралиштата ќе бидат изградени по светски стандарди за мал фудбал, кошарка, ракомет. За Куманово како спортски град, ваквите инвестиции се од големо значење за задржување на младите во градот, рече Илиевски.

Во програмата, истакна кандидатот преку проектот „Мој Еколог", населбата ќе добие професионални еколози кои ќе се грижат за животната средина и хигиената.

– Како голема населба во која во последниот период се изградени станбени згради, неопходно има потреба од рекреирање, дружење и забава за најмладите. Затоа предвидено е изградба на детско катче и мини пар. Парковите и детските катчиња ќе ги изградиме тука и овде ќе си ги раснеме нашите најмили, истакна Илиевски.

Тој наведе дека по спроведените истражувања, утврдено е дека во населбата недостасуваат тротоари, затоа, најави дека во ниту една урбана населба нема да недостигаат тротоари и дрвореди, со цел да се создаде простор за уживање.

– Нашата програма не е листа на желби, туку план за работа во четиригодишниот мандат. Ние од првиот до последниот ден ќе се посветиме на реализација на сите проекти од програмата-Најдоброто за Куманово, кажа Илиевски. /МИА

Кремљ: Договорен е прелиминарниот датум за видео-конференција Путин-Бајден

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија, планирано за следната недела.

Јуриј Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видеоповикот меѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.

– Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, рече Ушаков.

Тој рече дека двајцата лидери ќе разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои двајцата ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните" билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност".

Швајцарија: Се зголемува бројот на заразени, се воведуваат построги мерки

Швајцарските власти денес најавија воведување на построги мерки за ограниучување поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Маските ќе мора да се носат во поголемиот број затворени простори а само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид ќе можат да одат на разни настани.

Надлежните ја повторија препораката што поголем број граѓани да работат од дома. Новите мерки стапуваат на сила на 6 декември и ќе траат до 24 јануари, пишува Ројтерс.

Ковид-сертификати за семејни собири?

Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.

Земјата која има 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.

Властите исто така ја проширија употребата на Ковид сертификатите. Тие ќе бидат потребние за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението.

„За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, препорачуваме во иднина да се воведе употреба на Ковид сертификат“, се додава.

притисни ентер