Нови протоколи за рестораните, плажите и базените

Угостителите задоволни од веста за новите протоколи, според кои на една маса во кафуле, веќе не мора да седат само 2 или 4ца од исто семејство.

Но, дел од нив се уште ќе останат со клуч на врата, бидејќи не можат да организираат прослави. Велат дека за овие измени долго апелирале и секое олеснување е добредојдено, но очекуваат да им се дозволи да организираат и свадби и прослави.

„Долго време објаснуваме дека е подобро нешто да се работи по протокол, отколку да се работи без протокол. Сведоци сме дека и овој викенд и изминатите се случуваа одредени видови на прослави на начини како што не треба да се случуваат. Нашиот апел и до Комисијата и до надлежните органи дека е најдобро да се дадат протоколи, колку ќе бидат тие рестриктивни ќе видиме врз основа на здравствените параметри. Како што треба да бидат така нека бидат, меѓутоа да може да ни овозможат да се работат прослави.“ вели Мартин Ангеловски, Угостител

Измените за бројот на гости во кафулињата и рестораните, според докторската фела е оправдана. Доктор Никола Пановски во синоќешното гостување во емисијата Само Вистина, изјави дека нема причина за страв од ширење на вирусот, бидејќи на отворено преносот е за околу 20 пати помал, отколку во затворен простор.

„За ова сеа 4ца, 2ца, зависи каква е масата и сега седеа повеќе спојуваа две маси па пак седеа. Значи ако е на отворено, не е страшно и 4ца да седат. Не се исклучува пренос, меѓутоа е многу помал околу 20тина пати помал ако 4ца седат внатре.“ кажа Д-р Никола Пановски (13.07.2020 Само Вистина)

Иако граѓаните веќе неколку недели наназад ги користат плажите и се капат во езерата, синоќа излегоа протоколите и за базените и плажите. Маските и таму ќе бидат задолжителна лична заштита. Ограничен е бројот на посетители по максимум 15 лица на 100м2. Капачите во вода задолжително ќе мора да одржуваат дистанца. Задолжително е туширање и дезинфекција пред да влезат во базен. Чадорите на плажа ќе мора да бидат на 4 метри растојание. А лежалките да се дезинфицираат пред и по користење.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

Марковска: Никој нема да добие избори со црна кампања

„Помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит на изборите“

Актуелната кампањата е веќе видена работа. Во Македонија триесет години ништо не се менува, особено што и актерите кои се во кампањата, не се менуваат. Во држава со милион и осумстотини илјади население е контрапродуктивно ова водење на кампања кога и малите дечиња да ги знаат учесниците, граѓаните од старт се изморуваат, особено што две кампањи се спојуваат во една поради спорените избори, а желбата е да се придобијат неопределените, кои вака и онака нема да излезат на гласање.

Мицкоски има добра желба, но имаме комплетно разединување на терен. Не е работата „кој прв почна“, а фрчат негативни кампањи. Никој нема да добие избори со црна кампања, туку со претставување на личноста и кој какви планови има и што мисли да направи. Кај Сиљановска, за сега нема лични навреди, за разлика од другата страна што дава лични кваливикации и тоа не е вкусно. Сведување на кампањата во „митингарење“ во која се повторуваат едната или другата страна, е лош начин на водење кампања. Дури мислам дека помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит, на изборите рече Ѓулистана Марковска во Само Вистина.

притисни ентер