Нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во кумановско, да се преиспитаат боледувањата во здравството, полицијата, армијата и другите служби

Штабот со специјалните тимови на армијата ќе врши и дневна дезинфекција на простории каде има интензивен проток на луѓе како што се банки, пошти, за што Штабот побара соработка од овие субјекти. 

Општинскиот кризен штаб на Куманово на денешната на 23. седница предлага до министерствата за здравство и труд и социјална политика да го регулираат со препорака правото на користење на помош и нега за друго лице, лицата да не одат на преглед и да не закажуваат термин преку „Мој термин", бидејќи ќе им биде продолжено правото на користење се додека трае вонредната состојба.

На барање на кумановската болница, штабот препорачува матичните лекари при упатување на пациенти на Инфективно одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово и да ги праќаат со упати за лабораторија и рентген за да не се губи време за дијагностицирање, туку докторите веднаш да ги прегледааат и да знаат дали да ги остават на болничко лекување или на домашно лекување.

-Да се преиспитаат боледувањата кои матичните лекари ги пишуваат на здравствените работници, припадници на армијата, полициски службеници и административни службеници кои во случај на вонредна состојба се потребни за организирање во институциите, бидејќи постои сомнение за евентуална злоупотреба на боледувања, се вели во соопштението на Штабот.

Штабот препорача да се информираат сите правни субјекти што учествуваат во акција за доставување на неопходни продукти на граѓаните на домашна адреса за време на траење на полициски час, и најави дека ќе бидат контактирани од технички служби на Општински штаб за заштита и спасување заради регулирање на необлигациите во врска со доставите.

Уште еднаш од Штабот укажаа на законската обврска, управителите на станбените згради да извршат дезинфекција, а и наложи на „Чистота и Зеленило" да продолжи со дезинфекција на јавно-прометните површини во руралните, урабната средина, приградските наслеби, согласно редоследот.

Исто така кумановскиот кризен Штаб ќе испрати барање до Владата да го регулира со акт вклучувањето на припадниците на Армијата во редарски тимови во градот за да се спречи создавање метеж пред банките, поштите, Центарот за социјални работи и други пунктови каде што се собираат граѓани за шалтерски исплати и да се спроведуваат препораките на Владата за држење на минимум растојание на граѓаните помеѓу себе и задолжително носење на заштитни маски.

Како што се наведува во соопштението, при дистрибуција на пакетите до ранливите категории граѓани покрај Општинскиот кризен штаб и Црвен Крст ќе се вклучат и припадниците на Армијата. Штабот со специјалните тимови на армијата ќе врши и дневна дезинфекција на простории каде има интензивен проток на луѓе како што се банки, пошти, за што Штабот побара соработка од овие субјекти. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер