Нови датуми за државната матура бара синдикатот на ДИЦ - Канал 5

Нови датуми за државната матура бара синдикатот на ДИЦ

Нови датуми за државната матура бара синдикатот на ДИЦ, министерот Шаќири повика таа да не се доведува во прашање.

Нови датуми за државната матура бара синдикатот на ДИЦ

Невозможно и неизводливо е да се стигнат датумите за државната матура – соопшти вчера синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој до денеска штрајкува две седмици. Поради неисполнетото барање од Министерството за финансии за зголемување на платите, вчера од МОН побара да го измени календарот за полагање на двата екстерни испита кои се закажани за 27 мај и 10 јуни.

Тоа ќе значи и пролонгирање на резултатите од матурата кои се објавуваат најдоцна еден месец од полагањето на вториот екстерен испит.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, повика ДИЦ во своите барања и преговори со Финансии да не ја доведува во прашање државната матура.

– Во момент кога дискутираме, тоа да не го поврзуваме со датумот на државната матура. Нека продолжат со нивните барања, но нека не ги доведуваат во прашање процесите, апелираше Шаќири и им сугерираше на вработените што се во штрајк да го почекаат Општиот колективен договор кој, како што рече, можеби ќе биде подобар од сегашните услови што им ги нуди Министерството за финансии.

Вработените во ДИЦ го одбија како неприфатлив предлогот од Министерството за финансии решението да се бара во Законот за административни службеници со што, според нив, платите би им биле зголемени за само илјада денари. Досега имале два неуспешни состанока - вториот бил во четвртокот во МОН, во присуство на министерот за образование и претставници од Министерството за финансии.

-Бараме министерот за образование да почне да разгледува и да преговара со нас кои се следните можни опции за нови термини за државна матура. Искрено се надевам дека ова пролонгирање нема да биде големо, но ќе зависи од нивниот одговор, односно од одговорот на Министерство за финансии. Спремни сме да работиме деноноќно за да ги реализираме обврските особено околу државната матура, не сакаме да им наштетиме на матурантите со какво било пролонгирање на резултатите, но веќе во прашање се минути, не денови, истакна претседателката на синдикатот на ДИЦ, Емилија Бошковска, додавајќи дека не зависи од нив, туку од тоа дали ќе добијат позитивен одговор од Министерството за финансии од кое бараат согласност за нивниот колективен договор.

Рече и дека никого не сакаат да оштетат иако знаат какви би биле последиците за матурантите кои со положен завршен испит треба да се запишат на факултет.

-Во Македонија уписите се подоцна, а за тие што се запишуваат во странство им се битни. Се надевам дека ова нема да значи големо пролонгирање. Можеби денеска ако почнеме би направиле нешто за да ги постигнеме датумите. Зависи од заедничките напори и договорот помеѓу министерствата за финансии и за образование и наука, рече претседателката на синдикатот на ДИЦ.

Единаесет од вкупно 29 вработени во ДИЦ добиваат минимална плата од 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на институцијата, примаат 26.000 денари. Бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Бошковска посочи дека барањето е за околу 25 отсто вкупно покачување.

-Нема конкретни суми затоа што станува збор за измена на колективниот договор и на секоја работна позиција е различен процентот на покачување бидејќи беа сублимирани во едно... Некои работни позиции ќе бидат 20, некаде 30, во зависност од тоа каков е распонот на работните позиции, појасни Бошковска.

Синдикатот на ДИЦ минатата среда предупреди дека ако за два дена не добијат позитивен одговор, ќе треба да се менува календарот за полагање на матурата во јунската испитна сесија за која се пријавени 15 620 матуранти.

Покрај неизвесната матура, ДИЦ веќе го стопираше меѓународното тестирање ТИМСС, со кое се мерат постигнувањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија). Тестирањето почна на 3 април и опфаќа околу 4900 ученици во 150 основни училишта.

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Градот Скопје е подготвен да ги пречека најдобрите европски џудисти во кадетска конкуренција кои овој викенд на татамите поставени во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се борат за за насловот европски кадетски шампион. 

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Од џудо федерацијата на Македонија која е технички организатор на настанот реферираат дека сите технички подготовки се навремено завршени согласно највисоките стандарди на европската џудо унија, и со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на идните ѕвезди на европското џудо.

„Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нѐ учи на дисциплина, почит и на стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство ќе биде прослава на младоста, решителноста и иднината на нашиот сакан спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопјe ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени“ - изјави Владимир Трпаноски, претседател на џудо федерацијата на Македонија.

Во продолжение од истата, Трпаноски им се заблагодари на раководните лица на европската џудо унија за дадената доверба да го организираат овој настан, на сите кои активно се вклучија во организација, и ја повика македонската публика да ужива во атрактивните борби кои ќе ни ги понудат најдобрите европските џудисти во кадетска конкуренција.

И додека организациските подготовки финишираат, македонските репрезентативци во базата во Скопје ги оддржуваат последните заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци.

Европското првенство започнува во четврток, 26ти јуни во 9 часот, а интензивната програма исполнета со многу борби ќе трае се до сабота, 28ми јуни. Свеченото отварање на настанот е закажано за во четврток во 15 часот и 30 минути, прелиминарните борби во сите натпреварувачки денови почнуват од 9 часот, а финалните во 16 часот и 30 минути.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции.

Вршителот на должност во Амбасадата на Катар изрази силна поддршка за реализација на ваквите иницијативи, со уверување дека Катар останува посветен на зајакнување на правната соработка со Северна Македонија.

Претседателот Костадиновски на средбата ги презентираше досегашните активности на Судот, кои се во насока на доследно реализирање на неговата уставна улога и промовирање на транспарентноста и владеењето на правото.

Беа разменети мислења за работата и надлежностите на Уставниот суд, Заеднички беше констатирано дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива и да се унапредува, особено во полето на уставното судство.

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

притисни ентер