Нови 652 случаи во Италија, од Ковид-19 починале уште 130 пациенти

Во Италија денес починале 130 пациенти заболени од коронавирус, што е помалку за разлика од претходниот ден, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Со тоа вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата на 21 февруар достигна 32.616 луца, по што Италија и понатаму се наоѓа на третото место во светот после САД и Британија.

Бројот на заразени порасна за 652, па со то авкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата во таа земја изнесува 32.616.

Од почетокто на епидемијата во Италија се регистрирани 228.658 случаи на коронавирус.

Моментално има околу 59.000 активни случаи, на интензивна нега се 595 лица а се опоравиле 136.720 луѓе.

Во Италија која има 60 милиони жители, досега се тестирани 2,12 милиони граѓани.

притисни ентер