Нови 473 заразени со Ковид-19, пријавени се вкупно 18 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија – по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 505 оздравени пациенти од: Скопје – 230, Битола – 50, Кавадарци – 32, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Прилеп, Велес и Тетово – по 16, Крива Паланка – 14, Куманово – 12, Берово – 11, Неготино – 10, Штип и Кратово – по 7, Охрид и Радовиш – по 6, Кичево, Богданци и Виница – по 5, Струмица, Валандово и Гостивар – по 4, Ресен – 3, Пробиштип – 2, Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Направени се 2.708 тестови преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово-58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Авицена-99, Биотек-173, Систина-47, лабораторија Лаор-61, Синлаб-23, Ремедика-13, Плодност–55, Генеа-7, Никоб лаб-218, ВФВ Медикал-10, Ели Медика-16, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-43, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115.

Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 93446, Активни 3845

Куманово 12812, Активни 273

Тетово 11282, Активни 138

Прилеп 10089, Активни 421

Битола 8488, Активни 673

Гостивар 8059, Активни 35

Велес 7240, Активни 357

Кавадарци 6860, Активни 301

Штип 6534, Активни 202

Охрид 6395, Активни 274

Струмица 6062, Активни 155

Кичево 4216, Активни 87

Кочани 3953, Активни 204

Струга 3893, Активни 60

Гевгелија 2770, Активни 148

Неготино 2546, Активни 77

Свети Николе 2097, Активни 75

Крива Паланка 1858, Активни 130

Ресен 1717, Активни 103

Радовиш 1705, Активни 72

Дебар 1454, Активни 0

Берово 1401, Активни 95

Делчево 1351, Активни 141

Виница 1140, Активни 38

Пробиштип 1107, Активни 36

Валандово 919, Активни 52

Кратово 753, Активни 57

Богданци 638, Активни 37

Демир Хисар 598, Активни 85

Крушево 576, Активни 24

Македонски Брод 488, Активни 8

Демир Капија 421, Активни 7

Македонска Каменица 405, Активни 64

Пехчево 347, Активни 14

Дојран 159, Активни 1

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред тоа ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

-Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, како и Ролан Гарос и УС Опен по два пати. /МИА

притисни ентер