Нови 460 заразени со Ковид-19, вкупно 12 заболени починале

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово - 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25, Кавадарци – 23, Штип и Охрид – по 20, Кочани – 15, Велес – 14, Струмица – 13, Гевгелија и Ресен – по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево – по 7, Неготино и Демир Хисар – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Богданци – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола ( 66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направени се 2.424 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-151, Биотек-164, Систина-81, лабораторија Лаор-69, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–40, Генеа-13, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-22, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–1,Жан Митрев Струмица–9,Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 869.

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 94288, Активни 3797

Куманово 12870, Активни 241

Тетово 11319, Активни 150

Прилеп 10210, Активни 423

Битола 8654, Активни 623

Гостивар 8060, Активни 30

Велес 7286, Активни 326

Кавадарци 6956, Активни 305

Штип 6564, Активни 158

Охрид 6444, Активни 284

Струмица 6091, Активни 148

Кичево 4222, Активни 78

Кочани 3989, Активни 173

Струга 3903, Активни 65

Гевгелија 2792, Активни 128

Неготино 2557, Активни 58

Свети Николе 2113, Активни 81

Крива Паланка 1884, Активни 135

Ресен 1736, Активни 97

Радовиш 1720, Активни 63

Дебар 1456, Активни 2

Берово 1442, Активни 94

Делчево 1391, Активни 135

Виница 1154, Активни 43

Пробиштип 1110, Активни 23

Валандово 930, Активни 54

Кратово 765, Активни 45

Богданци 643, Активни 37

Демир Хисар 609, Активни 73

Крушево 584, Активни 30

Македонски Брод 493, Активни 12

Демир Капија 424, Активни 7

Македонска Каменица 414, Активни 69

Пехчево 349, Активни 11

Дојран 163, Активни 3

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Полицијата изрече 207 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на земјава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 207 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место, информираат од МВР.

Тие најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Терзиќ се надева на прекинување на црната серија против Баерн Минхен

Борусија Дортмунд сака да ја прекине лошата серија од 9 последователни порази против Баерн Минхен во Бундеслигата кога тимот викендов ќе гостува на „Алијанц Арената“.

-Време е. Наша цел е да одиме во Минхен и конечно да заминеме како победници, изјави тренерот на тимот Един Терзиќ.

„Жолто-црните примија 37 гола на тие 9 натпревари и немаат победа во првенството од 2018 година, а есента загубија на домашен терен со 0:4.

-Влегуваме во последниот и највозбудлив дел од сезоната. Подготвени сме да покажеме дека сме способни за се за да ги оствариме нашите цели, додаде Терзиќ.

Иако Баерн, кој 11 пати по ред е шампион во Германија, нема најдобра сезона, „против нас секогаш го покажуваат најдоброто“, истакна тренерот на Борусија.

Екипата на Дортмунд за утрешниот меч ќе биде без суспендираниот играч за врска Марсел Забицер, повредениот бек Рами Бенсебаини и голманот Грегор Кобел кој има стомачен вирус. /МИА

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

притисни ентер