Нови 411 случаи со Ковид-19, починале 4 лица во последните 24 часа, уште тројца претходно

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница - по 1.

Регистрирани сe 271 оздравен пациент од: Скопје – 120, Куманово – 22, Велес – 15, Крива Паланка- 14, Битола – 12, Штип и Тетово – по 11, Кичево – 10, Кочани и Прилеп – по 8, Кавадарци и Кратово – по 7, Струмица – 6, Гевгелија – 5, Неготино и Свети Николе – по 3, Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод - по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.

Направени се 3.209 тестови преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-64,

ЦЈЗ Тетово–54, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-115, Биотек-136, Систина-67, лабораторија Лаор-162, Синлаб-19, Ремедика-13, Плодност–22, Генеа-35, Никоб лаб-386, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-54, Ројал Медика –8, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.366.

Досега во земјата се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 87061, Активни 3082

Куманово 12047, Активни 498

Тетово 10933, Активни 89

Прилеп 9343, Активни 243

Гостивар 7994, Активни 37

Битола 7316, Активни 194

Велес 6637, Активни 297

Кавадарци 6157, Активни 177

Охрид 6118, Активни 205

Штип 6034, Активни 210

Струмица 5870, Активни 130

Кичево 4070, Активни 78

Струга 3828, Активни 41

Кочани 3465, Активни 153

Гевгелија 2517, Активни 79

Неготино 2351, Активни 23

Свети Николе 1969, Активни 64

Радовиш 1579, Активни 48

Ресен 1570, Активни 36

Крива Паланка 1562, Активни 111

Дебар 1453, Активни 6

Берово 1222, Активни 12

Делчево 1140, Активни 22

Виница 1074, Активни 32

Пробиштип 981, Активни 57

Валандово 844, Активни 17

Кратово 631, Активни 40

Богданци 578, Активни 23

Крушево 544, Активни 14

Македонски Брод 476, Активни 2

Демир Хисар 473, Активни 32

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 350, Активни 49

Пехчево 318, Активни 3

Дојран 142, Активни 2

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција

Потребна е стратегија и патоказ за да имаме одржлив процес за енергетска транзиција во Општина Центар, ова е заклучокот од денешната работилница што се одржа во Енергетската канцеларија во локалната самоуправа.

На работилницата на која учествуваа експерти, претставници на невладини организации, преставници на Општината и општинското претпријатие Енергија центар, соговорниците дискутираа за актуелните проекти во доменот на енергетиката, зелената агенда, животна средина и др.

Градоначалникот Герасимовски презентираше до каде е Општината во процесот на енергетска трансформација и транзиција. Тој потенцираше дека фотоволтаичната централа поставена на градинката Пепелашка минатото лето дава одлични резултати во намалување на трошоците за електрична енергија, а следно е поставување на централа врз покривот на ООУ ,,Киро Глигоров". Наша цел е да поставиме фотоволтаични системи на сите основни училишта, но засега почнуваме прво со ООУ „Киро Глигоров“. Мораме да бидеме претпазливи и внимаваме на секој детаљ. Засега сме во процес на јавен тендер и фирмите учесници треба да ги исполнат критериумите.

Вангел Андрески, директор на Енергија Центар ја потенцираше улогата на првото вакво претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори.

„Со поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ успеавме да формираме вакво претпријатие, а процесот беше макотрпен и понекогаш фрустрирачки, со многу докуменатција, барања за куп дозволи по разни институции. Сега кога веќе започнавме со работа се соочивме со нов проблем, а тоа е потреба од едукација и подигање на свеста на граѓаните за придобивките на фотоволтаиците и нивната безбедност за корисниците, истакна Андрески, зборувајки за проектот кој се планира за ООУ ,,Киро Глигоров”.

Експерите се согласија дека иднината е токму во енергетската транзиција и трансформација која треба да почне од локално за да се прошири на национално ниво. Заштедите, но и бенефитите за животната средина се од непроценлива важност за воведување на вакви „зелени“ енергетски системи, но за разлика од другите држави во ЕУ и регионот, ние сме се уште во пионерска фаза.

Сите заштедени средства, велат експерите, по теркот на европските држави, понатаму треба да се влеваат во проектите од доменот на животната средина, преку субвенции за здрав и еколошки начин на живот на граѓаните.

Денешната работилница ,,Патоказ за енергетска транзиција - дефинирање на стратешки пристап кон одржлива иднина на Општина Центар" се организираше под покровителство и соработка со Фондација Фридрих Еберт, невладината Гринер и Општина Центар.

Општина Центар

Митрески - Бомгартнер: Македонија и Франција имаат одлични односи

Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска остварил средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, соопшти собраниската прес-служба.

Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, претседателот Митрески ја констатирал одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.

Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се согласил со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздравил средбите на парламентарци од Собранието на Република Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.

Амбасадорот Бомгартнер, како што стои во соопштението, информирал за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.

- Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на месецот март - месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција, се вели во соопштението од Собранието.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Била изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

притисни ентер