Нови 162 заразени со ковид-19,починале четворица пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2.

Во болнички услови се починати 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7100, активни 775

• Куманово 1777, активни 184

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1262, активни 51

• Прилеп 689, активни 124

• Тетово 1455, активни 149

• Струга 673, активни 42

• Велес 330, активни 33

• Битола 314, активни 67

• Охрид 430, активни 33

• Кавадарци 241, активни 42

• Гостивар 936, активни 86

• Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 261, активни 156

• Крива Паланка 113, активни 28

• Радовиш 89, активни 25

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 375, активни 161

• Пробиштип 116, активни 23

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 8

• Пехчево 44, активни 3

• Берово 104, активни 30

• Валандово 36, активни 23

• Виница 116, активни 28

• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 25, активни 1

• Свети Николе 353, активни 43

• Кичево 328, активни 34

• Ресен 164, активни 15

• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1350 теста се преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-57, Авицена-291, Биотек-173, МАНУ -141, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -108, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-3, ГАК-13, Синлаб-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 56

• Гази Баба – 88

• Аеродром - 123

• Карпош – 99

• Центар – 118

• Кисела Вода – 96

• Ѓорче Петров – 55

• Бутел - 29

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 8

• Сарај – 15

• Арачиново – 5

• Илинден – 33

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 6

• Петровец – 5

• Зелениково - 2

• Странец – 10

• Нераспределен-7

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

Љубопитен ракун се провлекол во електрана и оставил 16.000 домови без струја

Љубопитен и немирен ракун неодамна предизвика прекин на електричната енергија што остави околу 16.000 луѓе без струја.

Клиентите во Оук Крик и Јужен Милвоки останаа без струја во саботата на 20 април околу 21 часот. Компанијата We Energies објави дека тимовите за одговор при итни случаи успеале да го решат проблемот и да ја вратат електричната енергија на околу 8.000 корисници до 22 часот, пренесува Mirror.

Во соопштението на компанијата се наведува дека се вршат работи кои треба да овозможат што поскоро снабдување со електрична енергија на преостанатите погодени потрошувачи.

Љубопитниот ракун наводно ползел меѓу опремата на трафостаницата, но не се знае дали преживеал.

Инцидентите со животни како овој предизвикуваат околу 10 проценти од сите прекини на електрична енергија што ги доживува „We Energies“ секоја година. Среќата е што повеќето штети предизвикани од животните може да се санираат прилично брзо.

Сличен инцидент се случил во февруари во Торонто, Канада, каде што околу 7.000 клиенти останале без струја повеќе од два часа откако осамен ракун пронашол трансформатор на станица за пренос. Портпаролот на Hydro One вели дека барале начини да ја задржат неофицијалната маскота на градот подалеку од преносните станици по големиот прекин на струја во центарот на Торонто. Портпаролката на компанијата рече дека екипите потврдиле дека прекинот бил предизвикан од ракун, „бидејќи животното за жал починало на лице место и било мртво кога пристигнале“.

„Кога ќе се случи вакво нешто, системот се префрла на заштита од понатамошни штети“, вели портпаролката Тицијана Бачега Роза, додавајќи дека животните ги привлекува топлината што ја испуштаат електраните. Покрај разгледувањето на сите мерки за спречување идни слични инциденти, Роза забележува дека експертите за животни се запознаени со случаите и треба да утврдат како ракунот влегол во станицата.

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно да бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа. „Соголете го и подигнете ја блокадата.“

Во меѓувреме, Израел ги денеска ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата наредила нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на платформата X, портпаролот на израелската војска Авичај Адраи ги повика жителите на четирите зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската војска објави дека ги повлекува своите трупи, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од каде што се повлекоа војниците го отежнуваат враќањето на раселените во нивните домови.

притисни ентер