Нови 160 заразени со Ковид 19 , починати сe тројца пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.

Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12515, бројката на оздравени пациенти е 9030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2950. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5325, активни 986

• Куманово 1233, активни 243

• Дебар 224, активни 65

• Штип 1027, активни 293

• Прилеп 352, активни 32

• Тетово 1123, активни 156

• Струга 503, активни 169

• Велес 241, активни 28

• Битола 179, активни 78

• Охрид 305, активни 78

• Кавадарци 147, активни 106

• Гостивар 623, активни 264

• Гевгелија 27, активни 9 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)

• Струмица 49, активни 20

• Крива Паланка 28, активни 5

• Радовиш 36, активни 8

• Крушево 16, активни 2

• Кочани 128, активни 34

• Пробиштип 67, активни 18

• Демир Хисар 53, активни 34

• Македонски Брод 63, активни 48

• Пехчево 8, активни 2

• Берово 12, активни 7

• Валандово 8, активни 2

• Виница 44, активни 39

• Делчево 7, активни 2 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 3

• Свети Николе 258, активни 67

• Кичево 234, активни 133

• Ресен 146, активни 9

• Неготино 34, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2172 теста се преку: ИЈЗ-851, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-356, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-267, Систина со PCR метода -264, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-102, Инфективна клиника-8, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 123122 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 138

• Аеродром - 125

• Бутел - 66

• Гази Баба - 112

• Центар – 86

• Карпош – 103

• Сарај – 35

• Кисела Вода – 81

• Ѓорче Петров – 69

• Студеничани – 32

• Шуто Оризари – 67

• Арачиново – 18

• Илинден – 17

• Петровец – 5

• Чучер Сандево – 9

• Сопиште – 12

• Зелениково- 6

• Странец – 3

• Нераспределен - 2

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

притисни ентер