Нови 100 милиони евра свежи пари од ЕИБ за македонските мали и средни фирми

 Нашата определба како Влада е да продолжиме со фискалниот стимул на стопанството се додека тоа не застане на здрави нозе.

Малите и средните претпријатија ќе имаат на располагање нови 100 милиони евра од Европката инвестициска банка. Ќе бидат поддржани најмалку 300 проекти, а условите под кои ќе бидат дадени се поволни и ќе имаат субвенционирана каматна стапка до 1,6 отсто. Одлука за ваква каматна стапка е донесена за првите 50 милиони евра, а за наредните 50 милиони ќе зависи од моменталната состојба во еконоијата. Ќе се пласираат преку комерцијалните банки, со кои во наредните две до три недели ќе потпише договор Развојната банка на Република Македонија, до која ќе се доставуваат проектите на одобрување.

Договорот за новите 100 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) го потпишаа денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Македонија, Кире Наумов, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир.

– Нашата определба како Влада е да продолжиме со фискалниот стимул на стопанството се додека тоа не застане на здрави нозе. Претходните кредитни линии од Европската инвестициска банка, пласирани преку Развојната банка, покажаа навистина добри резулати. Денеска потпишавме исклучително важни договори со Европската инвестициска банка, со кои се обезбедуваат 100 милиони евра поволни средства за малите и средни фирми во Република Македонија или една значајна ликвидносна поддршка за заздравување од ефектите од Ковид-19 пандемијата. За нашата економија, овие средства значат нови вработувања, нови инвестиции, а со тоа и придвижување на економската активност и забрзување на економскиот раст, рече Бесими.

Потсетувајќи на шесте пакети мерки што ги донесе Владата за стимулирање и поддршка на економијата и ранливите категории, тој рече дека и новата кредитна линија од 100 милиони евра е во таа насока.

– Преку внесување свежи средства во економијата ќе се стимулира процесот на заздравување на економијата кој според економските показатели е се поевидентен, а истовремено ќе се поддржи и стабилноста на банкарскиот сектор, истакна министерот.

Кредитната линија е дел од поддршката на Европската унија и Европската инвестициска банка за адресирање на ефектите на Ковид-19 пандемијата врз економијата.

Потпретседателката на ЕИБ, Павлова истакна дека овие средства ќе одговорат на ликвидносните потреби на фирмите за обртни средства, но и ќе поттикнат долгорочни инвестиции во земјава, во контекст на економско заздравување и иден раст.

– Оваа линија е дел од иницијативата Тим Европа и финансискиот пакет на ЕИБ за поддршка за опоравување на земјите од Западен Балкан од Ковид-19. Ја користам оваа можност да ја изразам целосната поддршка на ЕИБ кон Република Северна Македонија и регионот во постигнувањето на нивните цели и реформи во согласност со политиките на ЕУ. Со нетрпение го очекуваме напредок на пристапниот пат на Северна Македонија, како и да ја продолжиме нашата блиска соработка со Владата, Развојната банка, ЕУ и другите финансиери во земјата, за успешни сегашни и идни проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните на Северна Македонија, рече Павлова.

Таа потенцира дека сакаат да видат како земјава искористува што е можно повеќе од можностите и од економскиот инвестициски план на Европската комисија во којшто ЕИБ ќе одигра многу важна улога.

Павлова е убедена дека има голем прилив на зелени инвестиции и ги наброја како пример приоритетниот проект за железницата за Коридор 8, како и новата шема која што го поддржува општинското водоснабдување и инфраструктурата за отпадни води.

– Ние како банка на ЕУ која се грижи за климата подготвени сме да ја поддржиме амбицијата на Северна Македонија да го исполни својот потенцијал за обновлива енергија, енергетска ефикасност и за иновации. Заедно секако и со сите други постојни приоритети за развој на транспортот, инфраструктурата и другите економски сектори, рече Павлова.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир посочи на тоа дека малите и средните претпријатија се сржта на секоја економија и дека тие обезбедуваат работни места, создаваат додадена вредност и предводат со иновативни решенија, особено кога станува збор за приоритетите на ЕУ, како зелената и дигиталната агенда.

– Токму затоа, додаде, Тим Европа, односно Европската унија и земјите членки, како и поврзаните финсиски институции, презема чекори да ги поддржи малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија уште од почетокот на пандемијата. Тие можат да инвестираат и да креираат иновации, така со помошта на ЕУ, тие можат да ја одиграат својата улога во заздравувањето на економијата од здравствената криза, рече Гир.

Директорот на Развојната банка Кире Наумов посочи дека првични податоци укажуваат на голем интерес за кредитната линија и дека го надминува првиот лимит од 50 милиони евра, а за кои има одлука од Владата за субвенционирање на каматната стапка и тие би биле пласирани со камата максимум до 1,6 отсто.

– Кредитите ќе бидат давани на мали и средни претпријатија за инвестиции и за обртни средства. Максималниот износ за инвестиции ќе биде до 3 милиони евра, и 12 години отплата, со грејс период од 2 години, додека за обрни средства до 666 илјади евра, рок на отплата до 3 години со грејс период од 6 месеци. Немаме огрничувања на секторите или индустриите што можат да ги користат, освен неколку индустирии кои ЕИБ ги има класифицирано како жолти зони, односно не може да користат градежните компании од оваа линија на ЕИБ, појасни Наумов.

Тој најави дека во наредните две до три недели ќе бидат потпишани договорите со комерцијалните банки и тогаш ќе може да почнат да се праќаат проектите до Развојната банка.

Во последните 13 години до денес, воспоставени се шест договори со ЕИБ од 550 милиони евра кои се ставени во полза на економскиот развој во земјава, со кои се поддржани 2.090 проекти на домашни мали и средни компании и креирани се 8.029 нови работни места.

Од претходните пет заеми од Европската инвестициска банка преку Развојната банка се пласирани средства во вкупен износ од 450 милиони евра, од кои 182 милиони евра кон компании од производствената дејност, 127 милиони евра кон компании со дејност трговија, 40 милиони евра кон компании од транспортната дејност, и компании од други дејности како – услуги, угостителска дејност, здравство, образование.

Вучиќ од Њујорк: Не сум оптимист за резолуцијата за Сребреница, но продолжуваме да се бориме

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека за време на денешните разговори со земјите од азиско-пацифичкиот регион ги објаснил сите причини зошто Србија е против усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека за време на денешните разговори со земјите од азиско-пацифичкиот регион ги објаснил сите причини зошто Србија е против усвојувањето на резолуцијата за Сребреница и дека многу земји го разбрале тоа и рече дека треба да се усогласат ставовите, но дека одложувањето не зависи од Србија, објави Телеграф.

„Гледаме дека притисокот врз малите земји е позабележлив и посилен. Мали сме и не е лесно да се спротивставиме. Направивме одлична работа во ОН. Имавме средба со претставникот на Бразил, сега со Гутереш, со специјалниот советник на ОН за прашањето за геноцидот, со уште пет-шест европски земји од кои барем можеме да бараме да не бидат против нас“, рече Вучиќ.

Тој исто така рече дека на некои од форумите во Брисел може да се слушне дека кога Приштина го укинува динарот, формулацијата е дека ниту една страна не е подготвена за компромиси, а тоа го спореди со тоа што кога некој ќе ве удри, други велат дека ниту една страна не е подготвен за компромис.

„Ќе ја продолжиме борбата, има резултати, но тешко е, мали сме во споредба со најмоќните сили, но на сила не можеш да ја добиеш вистината, а за нас тоа значи“, рече Вучиќ.

Тој рече и дека не е оптимист оти ќе успее да го спречи донесувањето на Резолуцијата за Сребреница, но дека тоа нема да го спречи да продолжи да се бори.

„Го знаев тоа од самиот почеток, дека тоа е речиси невозможна мисија, но тоа не значи дека не можете да се борите. за нас, а не страв од силата и моќта на оние кои се многу поголеми и посилни од нас“, рече Вучиќ во изјавата за новинарите во Њујорк, каде што присуствуваше на седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово.

Тој нагласи дека разговарале со сите и ја објасниле ситуацијата.

„Морам да ви кажам дека во сите групи постои огромна резерва за процедурата и многу наши пријатели од исламските земји, дури и кога гласаат за, не се среќни, бидејќи им е јасно дека повредуваат пријател. “, рече Вучиќ и додаде дека и во таа насока направиле многу и го подигнале угледот на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Њујорк дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто од нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратен политика.

„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се однесува на поединец и се однесува на нивната политика. Сигурно не е вокабуларот што треба да се користи. , но јас сум човек, кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.

Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.

„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.

Даштевски: Прекинато гласањето на три места во Куманово, вкупна излезност до 17часот е 44,18%

Еден час пред затворањето на избирачките кутии, мирен и без посериозни нерегуларности прв изборен круг..

Македонија избира претседател.. Повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг, на кој во трка се седум кандидати..

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска. Михаела, има ли регистрирани нерегуларности и продолжи ли и попладнево трендот на добра излезност?

Бајден најави дека наскоро пристигнува оружје за Украина

Откако Конгресот прифати да испрати нова помош за Украина, американскиот претседател Џо Бајден најави дека овој пакет ќе биде испратен итно.

„Во следните неколку часа ќе започнеме да испраќаме противвоздушна опрема, артилерија, ракетни системи и оклопни возила во Украина“, рече Бајден во говорот во Белата куќа.

Пакетот за помош усвоен од Сенатот доцна синоќа, е вреден вкупно 95 милијарди долари и вклучува речиси 61 милијарда долари помош за Украина, 26 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за Индо-Пацификот.

притисни ентер