Нови 1.865 заразени со Ковид-19, осуммина починати во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19.

Нови 1.865 заразени со Ковид-19, осуммина  починати во изминативе 24 часа

Во Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.

Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 477, Битола – 52, Прилеп – 40, Кавадарци – 30, Велес – 22, Охрид – 19, Куманово – 18, Гевгелија – 16, Штип, Тетово и Кочани – по 14, Струмица – 9, Радовиш – 8, Валандово – 7, Кичево и Ресен – по 6, Неготино – 5, Гостивар, Крива Паланка и Свети Николе – по 4, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Струга, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Дебар и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно починато лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Направени се 6.173 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–34, ЦЈЗ Куманово-110, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–194, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-322, Биотек-338, Систина-136, лабораторија Лаор-214, Синлаб-67, Ремедика-19, Плодност-108, Генеа-38, Никоб Лаб-681, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-16, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-45, Рапид Лаб–34, Жан Митрев Струмица–25, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.814.

Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 107541, Активни 8192

Куманово 13592, Активни 431

Тетово 11620, Активни 184

Прилеп 11631, Активни 800

Битола 10716, Активни 1383

Гостивар 8253, Активни 164

Кавадарци 7865, Активни 393

Велес 7764, Активни 234

Охрид 7287, Активни 488

Штип 7018, Активни 248

Струмица 6550, Активни 244

Кичево 4504, Активни 172

Кочани 4250, Активни 129

Струга 4060, Активни 121

Гевгелија 3195, Активни 231

Неготино 2768, Активни 114

Свети Николе 2214, Активни 56

Крива Паланка 2041, Активни 78

Ресен 2020, Активни 131

Радовиш 1955, Активни 135

Делчево 1545, Активни 70

Берово 1516, Активни 33

Дебар 1471, Активни 12

Виница 1207, Активни 28

Пробиштип 1193, Активни 48

Валандово 1166, Активни 121

Кратово 805, Активни 16

Богданци 738, Активни 52

Крушево 720, Активни 115

Демир Хисар 679, Активни 36

Македонски Брод 578, Активни 31

Демир Капија 449, Активни 14

Македонска Каменица 444, Активни 16

Пехчево 375, Активни 16

Дојран 190, Активни 9

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

 Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. 

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

- Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

притисни ентер