Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина во Охрид: Ќе има ли „рамковен“ договор и за Косово

Охрид е во центарто на вниманието на политичката јавност во регионот и поширико, во очекување на клучниот исчекор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

По утринските одвоени средби на Вучиќ и Курти со европските претставници Борел и Лајчак, како и со специјалниот пратеник на САД, Ескобар, попладнево двајцата лидери седнаа на заедничка маса во обид да го усогласат текстот на анексот за спроведување на европскиот предлог-договор, за кој постигнаа начелна согласност на претходната средба во Брисел.

Со последните информации од Охрид го имаме Александар Видиновски...

Ѓукановиќ е фаворит пред вториот круг претседателски избори во Црна Гора, потврди ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница ги утврди привремените резултати од првиот круг од претседателските избори што се одржаа вчера во Црна Гора.

Според привремените резултати на ДИК, од 100 отсто обработени гласови, актуелниот претседател на Црна Гора и Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ освоил 35,37 отсто од гласовите (или 119.673 гласови), заменик претседателот на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ 28,92 (97.858) и еден од фаворитите на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, 19,32 отсто (65.386).

Лидерот на демократите Алекса Бечиќ освоил 11,10 отсто (37.562), пратеникот на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ 3,15 отсто (10.669), претседателот на Обединета Црна Гора Горан Даниловиќ освоил 1,38 отсто (46, додека независниот кандидат Јован Радуловиќ освоил 0,76 отсто (2.574).

ДИК утврдил дека вкупниот број на важечки ливчиња на изборите изнесувал 338.381, пишува Вијести.

Ѓукановиќ и Милатовиќ се пласираа во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 2 април.

92- годишниот милијардер Мурдок се вери со 26 години помлада жена: Ова ми е последна љубов

92-годишниот медиумски магнат Руперт Мардок се сврши со 26-години помладата Ен-Лесли Смит, вдовица на кантри ѕвездата Честер Смит.

Мардок за New York Post открил дека за својата партнерка избрал дијамантски прстен, а планираат да се венчаат оваа година. "Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе биде мојата последна љубов. И подобро е така. Среќен сум", рекол милијардерот.

Дејли Мејл пишува дека парот се запознал во септември минатата година, а Смит ја опишал нивната врска како „божји дар“.

"Јас сум вдовица веќе 14 години. Како и Руперт, мојот сопруг беше бизнисмен. Така, јас и Руперт се разбираме, имаме исти мислења и верувања. Само чекав вистинско време за повторно да се свршам", рече таа и додаде дека нејзините пријатели се многу среќни за неа.

Инаку, милијардерот се разведе од Џери Хол во август минатата година. Тајкунот со австралиско потекло, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги Тајмс, Њујорк Пост, Фокс њуз и Волстрит журнал, се проценува на 17,7 милијарди долари.

Бракот на Мардок со Џери беше негов четврти брак (и четврти развод).

Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разделила во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се оженил со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која бил во брак 32 години и имал три деца. Тие се разведоа во 1999 година.

По разводот, на Ана ѝ биле доделени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се оженил со претприемачката Венди Денг, со која бил до 2014 година и имал две деца. Мардок за време на нивниот брак имал 68 години, додека Венди само 30.

Дачиќ: Србија ќе го спроведе Охридскиот договор до своите црвени линии

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го спроведе договорот постигнат во Охрид, но до црвените линии.

- А нашите црвени линии, она со што не се согласуваме, нашата резервираност и на што имаме право и се изземаме од тоа - е взаемно признавање: без признавање на Косово и без членство на Косово во Обединетите нации, изјави Дачиќ во Брисел, каде што учествува на донаторска конференција за собирање средства за Турција и Сирија.

Шефот на српската дипломатија рече дека во Охрид се зачувани српските национални интереси, јавува Радио Слободна Европа.

Тој додаде дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово ќе биде правно обврзувачко за Приштина.

Процесот на дијалог, според него, е само во насока на нормализирање на односите и ништо повеќе од тоа.

- Мислам дека ова е продолжение на она што го започнавме пред десет години и во овој поглед е многу важно да се знае дека ова е договор за натамошни чекори во нормализацијата на односите, а не за прашањата за статусот, потенцира Дачиќ.

притисни ентер