Нова апаратура за генетско испитување денеска беше презентирана во МАНУ

МАНУ доби нова опрема со која ќе ги истражува наследните, генетските и ретки заболувања, но и останатите болести како што се малигните и инфективните, а сознанијата ќе се применуваат во секојдневната клиничка пракса за лекување на пациентите. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Дебата „Вештачката интелигенција и културата: Револуција или еволуција?“

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата на тема „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, што ќе се одржи вечер

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата на тема „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, што ќе се одржи вечер, во 19:00 часот, во Europe House Скопје, во рамките на 10. издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“.

Настанот ќе го отвори Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција во земјава, а ќе учествуваат Жан-Габриел Ганасија, професор по информатика на Универзитетот во Сорбона и автор на десетина книги, вклучувајќи ја и последната, „Вештачката интелигенција објаснета на луѓето“ (2024), Андреа Кулаков, професор на Факултетот за информатика и компјутерски технологии и Илија Тирицовски, продуцент, кој ќе го претстави проектот „РеKреирање на иконите“.

Модератор на дебатата е Филип Аврамчев, организатор на Меѓународниот самит за вештачка интелигенција, што се одржа во Скопје, во октомври 2024 година.

-Дискусијата ќе се фокусира на тоа дали вештачката интелигенција може да создаде оригинална уметност или само ги репродуцира постоечките модели, дали може да ги замени уметниците и писателите или, пак, да служи како алатка која ја поттикнува иновацијата, потоа како да се дефинира улогата на авторските права при дела создадени со помош на ВИ, како и на начинот на кој оваа технологија може да ја демократизира глобалната пристапност до културата и уметничките дела.

За дебатата е обезбеден симултан превод.

Видео: Мареј стана првиот Канаѓанец со 55 поени во НБА

 Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.

Кошаркарот на Нагетс, Џамал ​​Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА.

Мареј стана и првиот играч во историјата на Денвер со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар.

Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА лигата, со просек од 21 поен и 3,9 скока по натпревар.

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја во која е вклучен и Киев.

Специјалниот пратеник на САД за Украина Кит Келог денеска ја започнува европската турнеја што ќе трае до 22 февруари и ги вклучува Германија, Белгија и Украина. Целта на турнејата е да се поддржи идејата на претседателот Доналд Трамп за обезбедување мир во Украина, како и американските интереси во областа на националната безбедност, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница.

Специјалниот пратеник на претседателот ќе учествува на конференцијата за безбедност во Минхен и ќе го посети седиштето на НАТО и Европската унија во Брисел, каде што ќе се сретне со сојузниците и партнерите од цела Европа кои се подготвени да соработуваат со САД за ставање крај на руската војна против Украина и враќање на стабилноста во Европа.

Во Украина, Келог ќе се сретне со владини претставници . „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека борбите мора да престанат и дека САД се подготвени да поддржат трајно решение. Специјалниот пратеник е посветен на извршување на тешката дипломатија што ќе биде неопходна за да се постигне целта на претседателот“, нагласува Стејт департментот.

притисни ентер