Нов земјотрес со јачина од 3, 2 степени во 1.32 часот по полноќ во Скопје

Во 1,32 часот по полноќ регистриран нов земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала. Земјотресот бил на 5 километри длабочина , а епицентарот е 6 километри од Арачиново а 3 километри југозападно од Црешово.

Овој земјотрес според ИЗИИС  е регистриран  и од телеметриската сеизмолошка мрежа и тоа во Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево. Скопјани уште една ноќ минаа надвор од своите домови во парковите и на улиците.

Покрај за овој медиумите јавуваат и за  земјотрес од 3,6 степени по Рихтер регистриран  утрово и во Босна и Херцеговина во реонот на Шипово. Мрежите на сеизмолошките станици  на Република Српска евидентирале земјотрес во 2 часот и 57 минути со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер и  проценет интензитет во епицентралната зона од пет степени според Меркалиевата скала.

Земјотресот бил на длабочина од 2,5 километри.

Светските медиуми јавуваат и за земјотрес со сила од 6 степени што го погоди северозападниот дел на Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт, наведувајќи дека епицентарот бил на 130 километри северозападно од Меделин и на длабочина од 72 километра. Засега нема извештаи за жртви или штети.

притисни ентер