Нов земјотрес почувствуван во Скопје со јачина од 3.7 степени

Последниот земјотрес регистриран во 14.19 часот е со јачина од 3,7 степени, на 5 км длабочина во близина на с.Црешево.

Претходно, земјотрес со јачина магнитуда од 2,3 по Рихтеровата скала го потресе Скопје денеска во 11 часот и 50 минути.

Двата земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани. /МИА
притисни ентер