Нов Закон за заштита од семејно насилство – казни и од 5000 евра за непостапување по пријава

Казни и до 5000 евра за институтции кои нема да постапат, но и за  верските лидери кои со своите ставови ќе поддржуваат насилство врз жените предвидува новиот Закон што влегува во собраниска процедура неделава.

Казни од 1000 до пет илјади евра за институциите кои нема да постапат во заштита на жртвите на семејно насилство. Новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство предвидува казни дури и верските челници кои ќе промовираат или поддржува насилство врз жените.

Високи парични казни се предвидени за МВР, труд и социјална политика, здравство, за правда, центрите за социјална работа, обвинителствата, општините, ако навремено не интервенираат во случаите кога жена е жртва на насилство.

Член 38 од новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Црквите, верските заедници и религиозните групи имаат обврска да се воздржат од изјави, соопштенија или објави со кои се оправдува насилството како резултат на религија, култура, традиција или обичај....стои во Членот 38 од Законот.

Сепак анализите покажуваат дека постои голем страв кај жртвите на семејно насилство да ги пријават сторителите.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска порача дека законското решение ќе овозможи итно постапување на институциите.

Судот има обврска, веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот

Законот е со европско знаменце а според собраниската агенда пред пратениците ќе се најде во четврток.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер