Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец"

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец" и подигнати пешачки платоа во близина на основите училишта и градинките во општина Центар

Општина Центар од денеска започнува со имплементирање на нови сообраќајни решенија на повеќе локации во општината. Во тек е изведба на три издигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот кој се одвива во зона на детските градинки и општинските основни училишта.

– Трите издигнати пешачки платоа се изведуваат на улиците „Никола Тримпаре", „Апостол Гусларот" и улицата „9 Мај", во непосредна близина на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци", матичниот објект на градинката „13 Ноември" и клонот Наум Наумовски Борче на градинката „Кочо Рацин", известуваат од Општина Центар.

Дополнително ќе бидат изведени и други шест пешачки платоа, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на децата кои престојуваат во градинките и посетуваат настава во основните училишта, а ќе биде поставена и нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Овие зафати се изведуваат со целосна сообраќајна проектна документација, што е одобрена од СВР Скопје и Град Скопје, наделжни институции за оваа проблематика.

Од општината информираат дека изведбата на пешачките платоа ќе биде готова до крајот на оваа година, а поради градежните зафати ќе се изврши и времена измена на сообраќајот.

„Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање во период додека траат градежните работи, со цел ефикасност на изведбата и поскоро пуштање во употреба на издигнатите пешачки платоа", истакнаа од Општина Центар.

Покрај ова, општината го најави и новото сообраќајно решение за делот околу трговскиот центар „Буњаковец". Поради оштетувањата на знаците, после десет години, во реонот на ТЦ „Буњаковец" ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Американците го избраа БМВ за најомилен премиум бренд

BMW ја освои титулата најпродавана луксузна марка во Америка.

Тоа го постигнал со вкупно продадени 278.732 примероци, што е пад од дури 17,7% во споредба со претходната година. Лексус се најде на второто место со вкупно продадени 275.041 единици, што е за 7,5 проценти помалку од претходната година. Мерцедес мораше да се задоволи со третото место, што значи продадени 274.916 автомобили и годишен пад од 13%.

На четвртото место е Ауди со продадени 186.620 примероци, додека петти е Кадилак со 129.495 продадени автомобили. Следат Volvo (110.129), Линколн (105.410), Infiniti (79.502) и Porsche (57.924).

Интересно, единствениот со позитивен резултат е Volvo, што пораснал за 1,8% во споредба со 2019 година.

Што се однесува до моделите, најпродаван BMW бил X3 (59.941), додека најпопуларниот Мерцедес бил теренец, GLC со продадени 52.626 примероци. Од друга страна, Lexus ја задржал високата продажба и за малку помина пред Мерцедес, благодарение на RX со продадени дури 101.059 примероци.

Регистрирани се 400 нови случаи на Ковид 19, починале 11 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19 

Во: Скопје-198, Куманово-28, Тетово-16, Прилеп-14, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-14, Охрид-12, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-7, Кочани-5, Кичево-8, Гевгелија-1, Неготино-2, Дебар-10, Ресен-4, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-8, Пробиштип-6, Македонски Брод-2, Крушево-2, Македонска Каменица-1, Демир Капија-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-4, Тетово-3, Прилеп-1, Гостивар-5, Штип-2, Битола-4, Велес-3, Струмица-2, Кавадарци-1, Кочани-12, Кичево-2, Гевгелија-1, Дебар-1, Радовиш-13, Делчево-1, Пробиштип-3, Македонска Каменица-2.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.), еден пациент од Битола (66г), од Струмица (70г.), Кавадрци (55г), еден пациент од Струга (77г), еден од Кочани (71г) и еден од Пехчево (71г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 38809, активни 7352

• Куманово 5046, активни 479

• Тетово 4973, активни 481

• Прилеп 4482, активни 315

• Гостивар 3542, активни 336

• Штип 3443, активни 178

• Битола 3174, активни 256

• Велес 2970, активни 346

• Охрид 2664, активни 367

• Струмица 2479, активни 389

• Кавадарци 2408, активни 412

• Струга 2148, активни 171

• Кочани 1702, активни 130

• Кичево 1670, активни 158

• Свети Николе 1060, активни 52

• Гевгелија 954, активни 130

• Неготино 944, активни 175

• Дебар 724, активни 127

• Ресен 712, активни 116

• Крива Паланка 705, активни 92

• Радовиш 676, активни 64

• Берово 567, активни 60

• Делчево 538, активни 155

• Пробиштип 482, активни 33

• Виница 476, активни 44

• Валандово 325, активни 29

• Демир Хисар 241, активни 13

• Македонски Брод 239, активни 17

• Богданци 214, активни 38

• Кратово 209, активни 16

• Крушево 192, активни 34

• Македонска Каменица 189, активни 47

• Демир Капија 179, активни 38

• Пехчево 175, активни 25

• Дојран 81, активни 8

Направените 2327 теста се преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-38, Авицена-235, Биотек-290, МАНУ -139, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Систина со PCR метода -189, лабораторија Лаор –90, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -642, УК Пулмологија со алергологија –6, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 434.568 тестирања на Ковид -19.

Американска медицинска сестра одбила да се пензионира, се заразила со корона и починала

По повеќе од 50 години како медицинска сестра, Бети Гриер Галагер (78) имала право на пензија. Но, таа решила да остане и да работи за време на пандемијата за да помогне во критичната ситуација.

Галахер работела во ноќна смена во Медицинскиот центар во Алабама за да може да им предава на помладите медицински сестри. Таа се грижела за своите пациенти на ист начин како што се грижела за семејството и за колегите. Таа, според нејзините најблиски, била омилена медицинска сестра.

Кога започнала пандемијата на ковид-19 во март, колегите на Галагер биле загрижени за нејзиното здравје и ја замолиле да остане дома. Но, таа сметала дека им е потребна на пациентите и на соработниците, па продолжила да работи сè додека не се заразила со коронавирус во декември.

Таа починала од ковид-19 на 10 јануари, ден пред нејзиниот 79-ти роденден, во истата болница во која работела поголемиот дел од нејзината кариера, пишува Си-Ен-Ен.

"Таа не го стори тоа за да се истакне. Го стори тоа затоа што ова беше нејзината професија", рече нејзиниот син Карсон Гриер.

Медицинската сестра Џо Хатен, која работела со Галагер, забележала на 19 декември дека инаку неуморната Бети има проблеми со дишењето. Галахер рекла дека станува збор за истоштеност, но следниот ден завршила во болнички кревет.

Ја тестирале и била позитивна на коронавирус. Хатен и другите колеги се обиделе да и направат на Галахер да и биде што е можно поудобно. Откако го обиколувала одделот, Хатен застанувала покрај нејзината соба и и покажувала слики од своето куче.

Пред да почине, Галахер испратила порака до еден нејзин колега и напишала дека ќе се повлече кога ќе се излекува од болеста.

притисни ентер