Нов протест пред Владата за скандалот на клиниката за Онкологија

Пред владата доцна попладнево се одржа уште еден протест за скандалот на Онкологија.

Причина за протстот е недовербата во правосудниот систем и институциите.

РФМ ги исплати премиите за репрезентациите

Ракометната федерација на Македонија денес ги исплати наградите на машката и женската сениорска репрезентација, како и за машкиот национален тим до 20 години.

Сениорите ќе поделат два милиони денари, добиени за пласманот на Светското првенство 2025 кое ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

Ракометарките добија исто така два милиони денари за пласманот на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Еден милион денари се префрлени на младинската машка репрезентација за освоеното 9. место на Европското првенство 2024 во Словенија.

Македонската сениорска репрезентација на Мундијалот 2025 својот настап ќе го имаат во Вараждин, Хрватска и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија , Холандија и Гвинеја.

Женската сениорска репрезентација на Европското првенство 2024 својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска во градот Дебрецин, Унгарија.

Карапетрова и Ристов дадоа свечена заклетва како нови членови на ДИК

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Собранието ги избра Карапетрова и Ристов за нови членови на ДИК на седницата одржана на 12 ноември. Тие доаѓаат на местата на досегашните членови на ДИК Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана заменик-генерален секретар на Собранието и на Радица Ристеска од СДСМ која замина во пензија.

Светлана Карапетрова е дипломиран економист и магистер по економија – финансии, сметководство и ревизија од Тетово, Ангелчо Ристов е дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево.

Фото: Алек Болдвин „уловен“ на прошетката во Њујорк со 26 години помладата сопруга и ќерката

Холивудскиот актер Алек Болдвин е забележан во Њујорк како ужива во прошетка со својата најмлада ќерка, која ја турка во количка.

Таткото и ќерката во еден момент застанаа за тој да се напие кафе, а таа да изеде колаче. Подоцна во прошетката им се придружила неговата сопруга, мама Хиларија Болдвин, која е 26 години помлада од Алек.

Малата Иларија Каталина Ирена е родена во септември 2022 година и таа е нивното седмо дете, а негово осмо.

„Тука е! Многу сме возбудени што можеме да ве запознаеме со нашиот мал сон што се остварува“, напиша Хиларија на својот Инстаграм по породувањето, објава што ја сподели Алек.

Инаку Алек и Хиларија имаат уште шест деца: Кармен (11), Рафаел (9), Леонардо (7), Ромео (6), Едуардо (4) и Марија Лусија (3). Алек има и 26-годишна ќерка Ајрланд со поранешната сопруга Ким Бесинџер.

притисни ентер