Нов црн биланс - деветмина починати, 162 позитивни случаи на Ковид-19

Нови поразителни бројки и рекордни 9 починати пациенти од корона вирусот.. Во последново деноноќие регистрирани се 162 позитивни случаи на ковид 19, од кои над 90 се во Скопје..

Нови 162 потврдени на КОВИД 19 од 778 тестирани, рекордни 9 смртни случаи, а само петмина оздравени во официјалниот дневен биланс за состојбата со коронавирусот во земјава.

Битката со вирусот ја загубија три лица од Скопје, две од Тетово, а по еден од Прилеп, Струга, Велес и Гостивар, сите на возраст од 58 до 73 години, со што бројката на починати се искачи на 188.

Скопје останува на врвот на листата на градови каде е присутен вирусот. Со новозаразени 92 случаи предничи пред Тетово, каде има 32 позитивни. По бројот на заразени, а регистрирани во последните 24 часа, следен е Ресен со 14 нови случаи. Ковид 19 се шири и во Дебар, каде има петмина новодијагностицирани.

Болничките кревети се полнат. Со новодојдените четворица пациенти на Инфективна вкупниот број на хоспитализирани во оваа болница е 96. Овде слободни остануваат уште само 24 кревети. Во ГОБ „8 Септември“ потреба од болнички третман само во последното деноноќие имале 15 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 77, од кои за живот се борат десетмина, a со потешка клиничка слика се 20 заболени. И покрај забележаното пополнување на болничките капацитети Министерот Филипче за Канал 5 потврди оти не се планира повторно поставување на монтажната полска болница, која беше тргната бидејќи тогаш немаше потреба од неа.

Според професорот Пановски, прашање е колку здравствените работници ќе можат да се справат со новонастанатата состојба. Тој вели дека неодговорноста на граѓаните, ама и на политичарите довело до неа.

Пановски појаснува оти излез и спас од ситуацијата може да се бара само во почитување на заштитните мерки, да нема собирање и дружење во затворени простории, задолжително да се одржува и дистанца и хигиена.

Скопското село Кучково од април месец е без вода, жителите со апел до властите

Сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода, пишуваат во апелот жителите од скопското село Кучково .

Ова е сериозен проблем со кој се соочуваме, секој ден се жалиме во општина ама не ни одговараат, а последниот пат не избркаа од општина.

Тука живееме и има над 200 куќи.

Затоа ве замолуваме кога ќе имате време да дојдете во Кучково и да снимите прилог. Немаме друго решение бидејќи само уште вашата помош ни остана.

Тоа ни е последна надеж.

Ве замолуваме да направиме притисок до општина Ѓорче Петров за решавање на овој горлив проблем.

Жители на с. Кучково

Велосипедистите во Германија добија мост со подно греење, невиден луксуз во сообраќајот

Велосипедистите во југозападна Германија добија невиден луксуз: мост со подно греење само за велосипедисти.

Еден од првите велосипедски мостови во светот е отворен во градот Тубинген. Ова им овозможува на велосипедистите да возат побезбедно во зимски услови, рече градоначалникот Борис Палмер за време на неодамнешното отворање на мостот, кога тој самиот го премина мостот со велосипед.

Иако патиштата и мостовите со подно греење не се непознати, а за нивното воведување во области со сообраќаен метеж и сурови зими се`повеќе се размислува, мостот со подно греење е реткост за велосипедистите.

Покрај тоа, експертите од Германскиот велосипедски клуб (АДФЦ) наведуваат дека не знаат дека велосипедски мост со подно греење некогаш порано бил изграден.

Градовите низ Европа и на други места брзо ја подобруваат својата велосипедска инфраструктура, особено со воведување заштитени велосипедски патеки, со оглед на зголемувањето на бројот на велосипедисти за време на пандемијата.

„Загреаните мостови за велосипедисти имаат смисла“, рече портпаролката на АДФЦ.

„Солта не може 100 проценти да го отстрани мразот од патот, а истото важи и за мостовите“, додаде таа.

Судот во Франција ја казни државата со десет милиони евра

Највисокото правно тело во Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра, бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во одредени области на земјата.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, и наредил на владата да го намали нивото на азотен оксид и честички во повеќе од 10 зони, со цел да се усогласат со европските стандарди.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година е превисоко во Париз и вториот по големина град, Лион.

притисни ентер