Првите информации за нападите пристигнале нешто пред полноќ, а полицијата уапсила 31-годишен маж со криминално досие во врска со првиот напад врз 50-годишна жена.
Во полициското соопштение се вели дека осомничениот бил во врска со двете повредени жени, но не и со убиената жена. Полицијата соопшти дека испитувала дали менталното здравје на сторителот има врска со нападите.
Една од повредените жени се здобила со сериозни повреди, додека напаѓачот и нанел полесни повреди на третата жртва. Една од жените била избодена со нож на главната автобуска станица додека чекала во автомобил, додека другата била прободена со нож во нејзиниот дом и таа го препознала напаѓачот кој тогаш бил уапсен.
Поради крвавиот напад врз жените, полицијата испрати вооружена полиција, хеликоптери и девет амбулантни возила на местото на злосторството рано утрово.
Полицијата го затвори центарот на градот и побара од жителите преку Твитер да останат во нивните домови. Полицијата започна истрага и ги повика очевидците да се пријават со информации.