Нон-пејпер: Ново англо-американско пратнерство за Западен Балкан по неуспехот на Брисел

 Членството во НАТО е најголемиот историски успех на Македонија и граѓаните на земјата треба вниматело да изберат што сакаат .

– Политичка дестабилизација од страна на Русија и кинески предаторски инвестиции, или демократија, владеење на правото и силни западни инвестиции.

Ова беше заклучокот од вчерашната презентација на најновиот нон-пејпер (нацрт-политичка програма) на Американско-европската алијанса од Вашингон за новото англо-американско пратнерство на Западен Балканот.

Проширувањето на ЕУ со нови членки од Западен Балкан засега е закочено и француското вето најверојатно нема да биде подигнато, покрај гласните настојувања на германската канцеларка Ангела Меркел, поранешниот претседателот на ЕУ, Доналд Туск, и поранешниот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер, се вели во нон-пејперот.

-Одлуката на (францускиот претседател) Емануел Макрон да го запре проширувањето на ЕУ дојде во посебно важен период за Западен Балкан. Се отвари политички и безбедносен вакум во овој стратегиски важен регион. Сили противнички на трансатланстките интереси и вредности сега ефективно ќе го пополнат тој вакум, изјави Ричард Крамер, претседател на Американско-европската алијанса.

-Сепак, најголемиот историски успех на Македонија е членството во НАТО, и тој успех треба да се цени бидејќи се работи за обезбедени граници и внатрешна стабилност, истакна Крамер во интервју за МИА кое интегрално ќе биде објавено.

На овој историски крстопат кога САД и Велика Британија се повлекуваат од своите првични ангажмани во Авганистан и Ирак, посебно по успешниот Брегзит, и по назначување на Администрацијата на Доналд Трамп на двајца претставници за регионот, двете светски сили имаат уникатна шанса да обезбедат посилна трансатлантска безбедност и просперитет во регионт, истакнуваат авторите на нон-пејперот, Крамер и Реуф Бајровиќ, копретседател на Консултативниот совет за Босна и Херцеговина.

Тие истакнаа дека Лондон и Вашингтон треба да покажат проактивна улога во Западен Балкан по неуспехот тоа да го стори Брисел. Алијансата предлага англо-американски здружени сили со активна и силна програма за воено и економско утврдување на НАТО сојузниците и демократиите во Западен Балкан.

Некои од целите на англо-американското партнерство за Западен Балкан се приоретизирање на подлабока билатерална поддршка за новите НАТО членки, Црна Гора и Македонија, како и значајно финансирање за обука и воена опрема за армијата на Босна и Херцеговина.

Обезбедување на инвестициски алтернативи на предаторските заеми нудени од Кина, диверсификација на снабдување со енергенси со нови постројки за течен приороден гас на главните пристаништа и приклучок на регионот на постоечките гасоводни проекти како ИстМед. Како и реализација на целосно признавање на независноста на Косово.

Панел дискусија и презентација на нон-пејперот на алијансата за англо-американската подршка за Западен Балкан, беше во организација на Обединета македонска дијаспора и Консултативниот совет за БиХ./ МИА.

Ковачевски не ги отфрла предлозите на Мицкоски за укинување на Балансерот и бројот на пратеници

Лидерот на СДСМ Ковачевски не ги отфрла ад хок идеите на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот при ваботувања во јавната администрација, намалување на бројот на пратеници и воведување на една изборна единица.

Лидерот на СДСМ Ковачевски ад хок не ги отфрла предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот при ваботувања во јавната администрација, намалување на бројот на пратеници и воведување на една изборна единица, но смета дека уставните измени за откочување на европскиот пат сега се приоритет за државата. Според него балансерот е воведен од влада на ВМРО-ДПМНЕ, но согласен е дека се злоупотребува и смета треба да има поширок политички консензус за негово надминување.

Во напуштањето на владејачката коалиција на некои од коалициските партнери Ковачевски гледа различни мотиви, но не, како што рече, идеолошки. Потврди дека нема да предложи разрешување на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, иако тој најави дека ќе премине во опозиција поради неисполенти ветувања, а вчера изјави дека би се вратил во коалиција со СДСМ за плата од 5.000 евра.

-Тој најави дека ќе ја напушти коалицијата, а утрово посочува дека би се вратил во коалицијата. Јас вака му кажав, дека без разлика дали ќе ја напушти или нема да ја напушти – јас нема да предложам негово разрешување. Јас сум имал коректен однос со сите коалициони партнери, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски во СДСМ нема незадоволство, а пратеничките листи кои се објавени ќе бидат конечни. Коалицијата која што вчера ја потврдија нема да се проширува вели тој, а се разговара за соработка со граѓанскиот сектор.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на извршен и централен ќе ги утврдува пратеничките листи

На изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе има чесни, професионални и храбри лица, уверува партискиот лидер Христијан Мицкоски, а вечерва целосниот список од 120 кандидати за пратеници ќе биде тема на дебата на седници на извршен и централен комитет. 

Веќе се шпекулира дека на листите ќе се најдат повеќемина од актуелната пратеничка група на опозициската партија, но официјална потврда се очекува в сабота на најавената промоција на кандидатите. Мицкоски најави позитивна кампања, од противкандидатите очекувал клевети и опструкции, но сепак очекувал победа за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ.

Победа очекува и спротивниот табор - најавено е дека в недела ќе ја презентираат партиската програма со која ќе влезат во изборната трка. Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски негира дека за листите во неговата партија имало несогласувања, како што се шпекулираше за време на нивните партиски состаноци кога ги гласаа минатиот викенд.

Покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, свои листи најави Европскиот фронт предводен од ДУИ, албанската опозиција на Касами, Гаши и Меџити - „ВРЕДИ“, Левица, Движењето „ЗНАМ и Коалиција „Храбро“.

Дел од нив деновиве ги претставија носителите, а крајниот рок за доставување на целосните листи во Државната изборна комисија е вторник, 2 април.

Зголемен број хоспитализирани деца во кумановска болница

Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти на детското одделение во општата болница Куманово, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Најголем процент на хоспитализираните се деца заболени од вируси, но и дечиња кои имаат алергиски реакции, неколкумина се заболени од „голема кашлица“.

Болнички се лекуваат 20 деца, дневно на одделението има и по 50-тина деца од новороденчиња до десет години. Оние со потешка клиничка слика, пневмонии се хоспитализирани, останатите со полесна клиничка слика се лекуваат на дневна болница.

- Пролетната сезона почна и се зголемува бројот на деца кои имаат вируси и алергиски реакции. Во моментов имаме и деца заболени од „голема кашлица“-пертусис, изјави началничката на детското одделение д-р Ферихан Бајрами.

Родителите ги носат децата и барата помош од педијатрите за зголемена телесна температура, кашлица која прогресира во потешки компликации, со опструкции, пневмонии.

- Последно време имаме дечиња заболени од пертусис. Најголем процент се деца на училишна и предучилишна возраст, но и новороденчиња кои поради возраста не можат целосно да бидат вакцинирани, ниту со прва, ниту со втора доза. Ако родителите забележат покачена температура, кашлица, веднаш да се извршат испитувања и ПЦР метода за пертусис што се прави во лабораторијата и веднаш да се изолира детето и да се почне со соодветна терапија, вели докторка Бајрами.

И алергиските реакции предизвикуваат проблеми кај децата. Симптомите појаснува педијатарот се кивање, кашлица која е сува и надразнителна, бистра носна секреција, затнато носе, чешање на нос и очи.

- Во моментов се инхалаторни полен, цветови, прашина. Потребно е да се направат алерголошки испитувања. И во болницата нудиме таков тест преку крв, кажа Бајрами.

Педијатрите препорачуваат здрава, балансирана исхрана, внес на витамини. Одделението е добро екипирано и можат да се справат со зголемен број на заболени деца.

притисни ентер