НЛБ Групација: Го поврзуваме нашиот матичен регион преку уметноста

Денеска во Љубљана се одржа прес-конференција по повод почетокот на новата уметничка програма на НЛБ Групацијата за визуелни уметности. 

Целта на програмата е НЛБ Групацијата да стане главен поддржувач и партнер на современата уметност и уметниците во Југоисточна Европа (ЈИЕ), во својот матичен регион. Како дел од оваа уметничка програма, Групацијата ќе продолжи да инвестира во аквизиција на уметнички дела и уметнички проекти и ќе креира нова уметничка колекција наречена „SEE ART“ (Уметноста на ЈИЕ), која ќе најде свое место во галеријата на НЛБ Групацијата во Љубљана.

Визијата и идеите на НЛБ Групацијата за поддршка на визуелните уметности во регионот на ЈИЕ ги презентираа извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак, директорката на Институтот за културно наследство на НЛБ, Ирена Чук, кураторот др. Мета Кордиш, и членовите на новоформираниот Уметнички совет на НЛБ, др. Мира Гаќина (Скопје), Маја Колариќ (Белград) и Тевж Логар (Риека).

Блаж Бродњак е убеден дека не постои суверена нација без сопствен културен идентитет и финансиски столб, а НЛБ, како носител на банкарската традиција, отсекогаш била главен покровител на развојот на уметноста и културата. Со програмата „ART“ и колекцијата на „SEE ART“, НЛБ Групaцијата повторно ја воведува благородната традиција на покровителство, ќе ја распространи во рамки на својот матичен регион на Југоисточна Европа и ќе воведе нова ера. „Уметноста и економијата не познаваат граници. НЛБ Групацијата сака активно да придонесе за подобар квалитет на живот во својот матичен регион, поради што сега ја зајакнуваме нашата поддршка за уметноста како еден од исклучително важните столбови на одржливо и општествено одговорно работење низ целиот свет, регионот на ЈИЕ, вклучително и во нашата соседна пријателска Република Хрватска. Со колекцијата „SEE ART“ ја поврзуваме современата уметност и уметниците, ги препознаваме талентите од овој регион, ги поддржуваме, промовираме и ја отвораме вратата за соработка, дијалог и нови можности“. - додаде Бродњак.

Уметност за народот

Ирена Чук, директорка на Институтот за културно наследство на НЛБ истакна дека претстојната уметничка колекција не е првиот споменик на културата создаден благодарение на покровителската традицијата која ја негува НЛБ. Во оваа насока таа го истакна и банкарскиот музеј „Банкариум“, кој работи со поддршка на НЛБ. „Сместен во просториите на една од најубавите сецесионистички згради во Љубљана, заедно со новата галерија ќе се заокружат програмските активности на уметничката програма на НЛБ Групацијата. На овој начин сакаме да ја доближиме уметноста до луѓето, бидејќи културното наследство не збогатува како поединци и пошироко, како општествена заедница“, објасни таа.

Мета Кордиш, куратор, истакна: „Со купување и презентирање на современата уметност од Југоисточна Европа, НЛБ Групацијата се стреми да стане главен поддржувач и партнер на уметниците во регионот. Со поставување на колекцијата „SEE ART“, галеријата и развивање на придружната програма фокусирана на поширокиот регион, ќе ги збогатиме банкарските простории како и јавниот простор за локалните заедници и ќе придонесеме за подобрување на постојната уметничка продукција и инфраструктурни услови во регионот и ќе ги отвориме вратите за уметноста да влезе во секојдневниот живот на луѓето кои живеат и работат во овој регион“.

НЛБ Уметнички совет – гарант за професионалност, квалитет и транспарентност

Со цел да обезбедиме професионален, квалитетен и транспарентен пристап, формиравме професионално тело „НЛБ Уметнички совет“, чии членови се меѓународно признати експерти за уметничка продукција во Југоисточна Европа: Тевж Логар (Риека), претседател на Советот и независен кустос, уредник и автор, др. Мира Гаќина (Скопје), историчар на уметност, уметнички критичар, виш кустос и директор на Музејот на современа уметност во Скопје и Маја Колариќ (Белград), историчар, кустос и директор на Музејот на современа уметност во Белград. Тие заедно го осмислија името на колекцијата, нејзиниот концепт и програмата.

Зошто токму „SEE ARТ“ како назив на новата уметничка колекција на НЛБ Групацијата?

Името на новата колекција „SEE ART“ се однесува на Југоисточна Европа (ЈИЕ), матичниот регион на НЛБ Групацијата и ѝ дава јасна географска рамка на колекцијата. Во исто време, нè поканува да ја видиме, погледнеме и истражуваме уметноста поинаку, во контекст на сегашноста и минатото, сеќавањата, различните идентитети и култури и предизвиците на денешницата и нашата заедничка иднина.

Целта на проектот е да се подобри разбирањето и знаењето за различните културни средини, а со тоа да се промовира толеранцијата и различноста, а во исто време да произлезат и нови одржливи идеи и акции со различни изрази на современата уметност.

Мира Гаќина истакна: „Ова не е првпат Љубљана да има влијание врз развојот на визуелните уметности во регионот. Така беше со децении во минатото преку Љубљанското биенале на графички уметности, но и во поново време преку работата на бројни теоретичари на уметноста, историчари и куратори кои ја преиспитаа и осмислуваа историјата на уметноста на нашите простори. Времето во кое живееме има многу внимателни и љубопитни набљудувачи, т.е уметници од регионот. Така, колекционерството на нивните дела значи создавање документ на нашето време. Ние обично ги гледаме банките како чувари на вредните нешта, на нашите заштеди и плановите за подобра иднина. Токму поради оваа причина, иницијативата за создавање колекција треба да се гледа како напор на еден „чувар на вредностите“ кој покажува посебна грижа за она што ние го сметаме за наше вредно наследство“.

Според Маја Колариќ, колекцијата ќе вклучува уметнички дела од уметници од целиот регион, од сите генерации, вклучително и на оние во подем. „Ќе биде разновидна во обидот да ги покрие сите медиуми од слики, скулптури, видео, инсталации, перформанси, до дигитални медиуми и нова технологија, поттикнувајќи секакви иновации во уметноста кои ги кршат конвенциите и ги предизвикуваат границите. Нашата политика на собирање уметнички дела ќе вклучува различни методи кои ќе овозможат поширок и подлабок преглед на уметничкото творештво: јавни тендери, уметнички конкурси и награди и изложби кои ќе служат како основа за проучување на нови нарачки и купувања. Колекцијата е наменета да понуди автентично и уникатно уметничко искуство кое носи ново знаење и дава инспирација за гледачот“.

Тевж Логар заклучи: „Сегментот од изложбената програма на галеријата „Банкариум“ е она што го прави нашиот проект да се издвојува во споредба со други слични, корпоративни проекти кои се занимаваат со регионот на ЈИЕ. Изложбената активност во дијалог со истражувањата, издаваштвото, номадските резиденции, институционалните соработки и слично не само што одат подалеку од разбирањето на колекцијата како апстрактен ентитет кој се состои од збирка артефакти, туку делува и како платформа за подигање на јавното знаење и подобрување на условите за продукција. Ова е секако уникатно во овој регион, а таквиот пристап несомнено му овозможува на проектот „SEE ART“ да стане извонредна референтна точка за современата уметност низ поширокиот регион“, се наведува во соопштението од НЛБ.

Дневен хороскоп за 29. март 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 29. март 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи.

Кариера

Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки.

Здравје и совет

Поработете на својата спретност.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите.

Кариера

Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни.

Кариера

Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете.

Здравје и совет

Луѓето не се играчки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност.

Кариера

Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги.

Здравје и совет

Игнорирајте ги провокаторите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси.

Кариера

Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување.

Здравје и совет

Не чепкајте таму каде што не треба.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми.

Кариера

Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите.

Здравје и совет

Опуштете се со она што го сакате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите.

Кариера

Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака.

Кариера

Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно.

Здравје и совет

Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави.

Кариера

Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација.

Кариера

Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера.

Здравје и совет

Помалку јадете , движете се повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри.

Кариера

Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа.

Здравје и совет

Не си поигрувајте со луѓето.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов.

Кариера

Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

За оваа болест лек не постои, а може да доведе до неплодност

Симптомите само наизглед се безопасни

Многу жени не се ни свесни колку сериозно може да биде она што го сметаат за обична болка во „оние денови“.

Секоја жена барем еднаш во животот искусила менструални болки, грчеви, надуеност во текот на „оние денови“, а најчеста препорака за ублажување на болките е употребата на аналгетици.

Но, не сите болки за време на менструалниот циклус се безопасни. Честопати, тие се симптом на ендометриоза, недоволно дијагностицирана сериозна медицинска состојба која честопати може да се помеша со менструална болка. Во оваа состојба, ткивото што ја обложува матката расте и се лачи за време на менструалниот циклус. Меѓутоа, со ендометриоза, ова ткиво расте таму каде што не треба, во карлицата и другите делови на матката, предизвикувајќи различни симптоми, вклучувајќи карлична болка, болни менструални циклуси, болка за време на сексуален однос, неплодност и замор.

Како се дијагностицира ендометриозата?

Дијагностицирањето на ендометриозата честопати бара комбинирање на медицинска анамнеза, гинеколошки преглед и анализи како што се ултразвук или МРИ скенирање на карлицата. За време на гинеколошки преглед, лекарите бараат абнормалности како што се цисти или ткиво со лузни, и проверуваат дали има болка и чувствителност или знаци на сериозна болест. Во некои случаи, се користи лапароскопија за да се потврди дијагнозата. За време на оваа процедура, хирургот може да ги отстрани ендометриозните ткива и ткивото со лузни.

Како се лекува ендометриозата?

Во моментов не постои лек за ендометриоза, но третманот се фокусира на ублажување на симптомите, справување со болката и подобрување на квалитетот на живот. Третманот зависи од пациентот и ги зема предвид факторите како што се сериозноста на симптомите и репродуктивните цели на пациентот. Во некои случаи, се препорачуваат минимално инвазивни хируршки процедури. Исто така, хормонската терапија и лековите за ублажување на болка може да помогнат во олеснување на симптомите на ендометриоза.

Ендометриоза и неплодност

Ендометриозата може да доведе до неплодност на неколку начини, вклучително и блокирање на јајцеводите и лачење на токсини кои можат да спречат имплантација на оплодената јајце клетка. Во случаи кога другите терапии не се успешни и пациентката не сака да ја зачува својата плодност, може да се разгледа хистеректомија, хируршко отстранување на матката, заедно со ексцизија на ендометриозата.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер