НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. 

Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најградувана банка во Македонија.

Престижното признание „Банка на годината“ магазинот The Banker го темели на основ на повеќе критериуми меѓу кои, остварените финансиски резултати, иновации и развој на нови производи, услуги и технологии, вредност за клиентите, лидерство во општеството и стратешка предност во однос на конкуренцијата.

„Да се понесе, по единаесетти пат, признанието „Банка на годината“ од најдолготрајната меѓународна банкарска титула во светот е вистинска чест за нашата Банка и доказ за силното управување, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот. Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјавува Претседателот на УО на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ по повод признанието и додава: „Оваа 2022 година ни покажа колку силно влијание имаа претходните две ковид години врз функционирањето на бизнисот, барајќи од нас големите предизвици да ги претвориме во решенија за иднината. Следејќи ја значајната промена на навиките на нашите клиенти поради пандемијата, економската криза и придвижувањето на клиентите во дигиталниот свет, ние во НЛБ Банка го засиливме развојот на иновативни производи прилагодени на потребите на нашите клиенти и целата економија. Нашите идни планови и натаму остануваат поврзани со интересите на граѓаните и економијата на земјата. Два аспекта ќе бидат особено важни во тој поглед. Прво, одговорното делување во насока на одржлив развој и второ, нашите производи, кои ќе бидат насочени кон поддршка на клиентите да го најдат својот пат во дигиталниот свет. Секако, клиентите се во фокусот на сè што правиме, а нивното задоволство останува наш врвен приоритет.“

НЛБ Банка е меѓу водечките финансиски институции и втора системски најзначајна банка во земјата. Одличните резултати на НЛБ Банка се должат на континуирани и интензивни продажни активности во сите сегменти, квалитетни финансиски услуги, висока оперативна ефикасност и значајни инвестиции во дигиталните сервиси.

Во трите квартали од 2022 година, НЛБ Банка, и во услови на неизвесен деловен амбиент како последица на глобалната криза, продолжи да обезбедува силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор. Така, во деветте месеци од годината, вкупните кредити што Банката ги пласираше кон населението и бизнис секторот достигнаа вредност од 1.107 милиони евра. Благодарение на посветеноста во креирање на конкурентни продукти, прилагодени на состојбите на пазарот и на потребите на клиентите, Банката го заврши третиот квартал од годината со остварена нето добивка од 33 милиони евра што претставува зголемување од 21% во однос на претходната. Следејќи ја стратегијата за општествената одговорност и реализација на агендата за одржлив развој, Банката реализираше проекти за унапредување на заедницата, заштита на животната средина, придонесувајќи кон порамномерен и поинклузивен економски и социјален систем.

Угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2022 година на свечена церемонија којашто се одржа на 1-ви декември во Лондон, каде присуствуваа најдобрите банки од над 120 земји во светот. Меѓу наградените е и уште една банка – членка на НЛБ Групацијата, НЛБ Банка Подгорица.

За The Banker

Меѓународната публикација за финансии The Banker е во сопственост на The Financial Times Ltd. Речиси еден век, The Banker е водечки светски магазин кој ја следи банкарската индустрија преку теми поврзани со глобалните финансиски случувања, отсликани преку мислења, профили и интервјуа на банкарски и финансиски фигури. Признанијата на The Banker за „Банка на годината“ се сметаат за Оскари во банкарската индустрија и истите се доделуваат на врвни финансиски институции во светот, соопштуваат од банката.

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар Иловица-Штука

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица – Штука“. 

На Владата и дадоа рок до крајот на годината да ја промени својата одлука, во спротивно државниот Буџет ќе претрпи огромна штета. Третманот кон нашиот прокетот од страна на властите во Македонија е скандалозен оценуваат од компанијата. Велат доколку тоа не се промени и се продолжи со занемарување на владеењето на правото тогаш ќе има соодветни последици.

„Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одоголовлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар ќе има правен епилог кој нема да биде поволен за дражвата, а аза жал и нејзните граѓани.“- Тимоти Морган Вин – главен изврешен директор на Еуромакс Рисоурцес

Реакцијата на компанијата доаѓа откако Владата минатата година реши да ги спои двете концесии Иловица 6 и Иловица 11 со што се отвори патот за реализација на проектот за ископ на злато и бакар во струмичката околина, но неколку дена подоцна, по низата протести на струмичани, ваквата одлука беше повлечена. Што за адвокатскиот тим на компанијата е неприфатливо и спротивно на владеењето на правото.

„Одиме во насока која ќе биде штетна можеби. Претпоставувам дека се работи за семоцифрен износ кој ќе биде досуден против С.Македонија. и морам да ви кажам дека ако до крајот на годината нема реалзиација на владеењето на правото, за жал ќе мора да бараме поддршка и пресуда од институциите кој се одговорни за заштита на инвестициите.“- Габрил Лански – правен застапник на Еуромакс Рисоурцес

Од Владата тогаш беа на ставот дека доколку граѓаните во тој регион не сакаат рудник нема да има, а протестите беа поддржани и од дел од тогашните министри.

Од Еуромакс и денеска останаа на ставот дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, и дека ќе се применуваат најсовремени рударски практики, и дека на ниту еден начин нема да се загрози животната средина.

притисни ентер