Додека дел од нив продолжуваат со бојкот на наставата, Царовска е одлучна дека матурските испити ќе се полагаат онака како што е утврдено – четири предмети со скратена програма, наместо два, како што бара Сојузот на средношколци. Според Царовска не се точни информациите дека над 70% од матурантите го бојкотирале стартот на второто полугодие, туку станува збор за изолирани случаи. Вели бојкотот е неоправдан, а секој изгубен час според Закон треба да се надомести.
Сојузот на средношколци контра министерката Царовска…, Велат, денеска има целосен бојкот во повеќе градови, а исклучок е Велес. Во скопските гимназии има делумен бојкот, тврди за Канал 5 лидерот на Сојузот на средношколци, Ходаи. Според него, учениците се соочуваат со притисоци да го прекинат бојкотот и се санкционираат со неоправдано отсуство.
Бојкотот на матурантите организирани од Сојузот на средношколци продолжува и во наредните денови. Како следен чекор ќе побараат пратениците да ги слушнат нивните предлози на јавна расправа во законодавниот дом.