Нимиц: Преспанскиот договор е решение за спорот, но и основа за нов почеток

Нимиц нагласува дека македонското прашање преставува стратешка мултидимензионална контроверза, која била на агендата на Европа од 19 век.

Како нешто најчудно и нелогично го гледаа спорот за името Македонија сите оние кои од страна го набљудуваа или од време на време се информираа за процесот, но посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција нагласува дека оние кои биле директно влучени во процесот можеле да разберат дека станува збор за прашање кое задира во сржта на идентитетот и националното чувство на безбедност на засегнатите.

Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, за кого светските медиуми објавија дека е човек кој целата своја кариера ја посветил на еден збор, во деталната анализа за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на нациналностите, дава детален преглед на спорот и неговото конечно решавање.

Нимиц, кој повеќе од 20 години се обидуваше да ги приближи двете страни да го решат спорот, е роден на 17 јуни 1939 година, точно на денот кога во Нивици на Преспанското Езеро беше потпишан Преспанскиот договор, со кој се стави крај на речиси тридеценискиот спор меѓу двете соседни земји.

Нимиц во својата детална анализа говори за историскиот контекст на спорот, процесот на преговарање, временското прашање, поставувањето нова рамка за решавање на прашање, како и за обидите да се разбие принципот на аверзија на загубеното и тој да се замени со она што може се добие ако се најде решение.

-Откако спорот беше решен со Преспанскиот договор во јуни 2018 година, повеќето набљудувачи од страна се прашуваа зошто беше потребно толку многу време. Сепак ова беше прашање кое одеше директно во срцето на идентитетот и националното чувство на безбедност, вели Нимиц.

Нагласува дека во овој за многумина необичен случај, менувањето на името на новата независна држава, вклучувало длабоки проблеми поврзани со идентитетот на две посебни страни и нивното различно сфаќање за историјата, културата и идната на регионот.

-Решавањето на спорот за името меѓу Грција и нејзиниот северен сосед креираше важна нова можност за поконструктивни односи и побезбеден Балкан. Договорот од Преспа, потпишан на брегот на Преспанското Езеро, кое ги дели двете држави е решение за спорот и основа на нов почеток, вели Нимиц.

Нагласуваќи дека Договорот беше поздравен од светските метрополи како голем чекор за регионот, истакна дека важно е да се препознае дека Преспанскиот договор немал широка поддршка и во двете земји и, како што напиша „едвај ги добиел потребните парламентарни гласови и гласовите на граѓаните и во Грција и во нејзиниот северен сосед".

Нимиц нагласува дека македонското прашање преставува стратешка мултидимензионална контроверза, која била на агендата на Европа од 19 век.

-Иако генералната перцепција е дека проблемот во голема мера е решен со Преспанскиот договор, нема гаранција дека контроверзата со името нема повторно да се појави во регионот и да предизвика нови проблеми во иднина, забележува Нимиц, кој во својата анализа ги посочува различните агли на пристапување на спорот кај двете страни.

Стратегијата на преговорите, вели тој, беше да се разбие острата разлика во перцепциите за спорот, да се идентификуваат перцепциите кои водат до доминирање на принципот на аверзија на загуба кај двете страни и да се направи обид за преиспитување на прашањето.

-Ова преиспитување беше само делумно успешно и мора да се признае дека и во двете држави голем број од граѓаните на Договорот го гледаат низ призма на загубеното. Како и да е верувам дека значително се намали интензитетот на аверзијата кон загубата за време на преговорите, но беа потребни 20 години за реафирмирање, како и ефикасни и посветени политички лидери од двете страни, вели Нимиц и во тој контекст се осврнува и на заложбите на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, но и на двајцата поранешни премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.

Нимиц вели Скопје, се жртвувало прифаќајќи го концетот ергаомнес, а за возврат беа одблокирани интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО, но најважно од се е што се афирмираше глобалното прифаќање на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, нешто во што никој не треба да се сомнева, вклучувајќи го и јужниот сосед Грција.

МИА подетално анализата на Нимиц ќе ја објави утре. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер