Никовски: Анкетна комисија е губење време и мачкање очи - Канал 5

Никовски: Анкетна комисија е губење време и мачкање очи

„Од Анкетните комисии ниту една нема донесено резултат“

Никовски: Анкетна комисија е губење време и мачкање очи

Самата средба е позитивна кога се разговара, добро е што имаше таква лидерска средба. Се што не е забрането со Уставот е дозволено. Парламентарците одговараат на своите лидери. Иако Собранието е место каде треба да се соочат идеите и политиките и да се формулира една заедничка. Но кога тоа не е возможно, кога кај нас лидерите се како некои племенски водичи, и оваа средба е позитивна. Ова е почеток и самите најавуваат дека ќе има поширока средба. Идејата е во сите работни групи да се вклучат и другите партии, тоа е мобилизирање парламентарниот систем да функционира. Од Анкетните комисии ниту една нема донесено резултат, тоа е губење време и мачкање очи. Опозицијата може да биде конструктивна или деструктивна. Треба да се прошири лидерската и да се стават на дневен ред суштинските проблеми. Се вртиме во магичен круг, круг, живееме во гета и се правиме дека градиме заедничка држава, а тоа не е точно, вели Ристо Никовски во Само Вистина.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп би можел да ја преземе бразилската репрезентација или Реал Мадрид, пренесува „UOL“.

UOL: Клоп би можел да ја продолжи тренерската кариера во Бразил или Реал

Според бразилската медиумска компанија, Клоп се чувствува многу исцрпен во својата позиција како глобален фудбалски шеф во Ред Бул. Забележано е дека Клоп е подготвен да ги разгледа опциите за продолжување на тренерските активности.

Педесет и седумгодишниот Германец своите должности како глобален шеф на Ред Бул ги презема на 1 јануари 2025 година.

Како тренер работеше во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул. /MИА

притисни ентер