Николовски: За 2,5 години тежок мандат освен крупните политики, успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните

За 2,5 години тежок мандат освен крупните политики, успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните, порача Николовски.      

Граѓаните имаат лесен избор на овие избори, да гласаат за повеќе пари кај граѓаните, мерки за поддршка на младите, поголеми плати, повисоки пензии, а од друга страна нема втор концепт кој кажува каде ќе ја носи државата, истакна носителот на кандидатската листа на коалцијата Можеме во изборната единица 3, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во емисијата Утрински брифинг.

Истокот најбрзо се развива, во следниот мандат ќе продолжиме со мерките и политиките за поддршка на земјоделството, ќе обезбедиме 100% покриеност на зелена нафта за земјоделците, а тоа го можеме бидејќи водиме политики за враќање на парите кај граѓаните, не градиме скултури, не се изнесуваат парите во Белизе, нагласи Николовоски.

Тој додаде дека пари во државата има, но зависи како се трошат, ако се однесувате домаќински има доволно пари за раст на плати, зголемување на пензии, враќање на дел од ДДВ назад кај граѓаните.

Истокот тоа го знае, некој добил државна пензија, некој социјална помош зголемена за три пати, стечајците добиваат помош од 8.000 денари, истакна Николовски,

За 2,5 години тежок мандат освен крупните политики, успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните, порача Николовски.

Мицкоски со честитка по повод денешниот празник Богојавление - Водици

До поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан честитка упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денешниот празник Богојавление - Водици на сите верници кои го слават.

На Богојавление е спознаена светата тајна крштевање, кога Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан, од страна на СВ. Јован. Тоа ја симболизира надежта и извесноста на спасението.

Во овие тешки мигови за нашата земја и народ потребно е сплотеност, но и давање на надеж на секој еден човек дека може поинаку, мора подобро. Дека оваа земја е способна за големи победи и дека треба да се стави крај на неспособноста, нестручноста и тонењето надоле. Потребен е општествено рестартирање и обединување на сите прогресивни сили за обезбедување на сонот на подобра Македонија. Тоа е можно и тоа зависи од секој нас.

Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите.

Бог се јави!

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

МЗ; Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 14 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти. Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен, а во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите 4 пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот и тој центар ќе биде затворен.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Вкупно 283 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Вучиќ: Вакцините за Македонија се пријателски и братски потег

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата изјави дека вакцините за Македонија се пријателски и братски потег и дека Србија може да биде задоволна само ако и соседите се задоволни.

-Разговаравме со Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека треба да му помогнете на некого кога му е тешко, онолку колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. На премиерот Зоран Заев кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека доколку утре Република Српска и Босна иХерцеговина и Албанија побараат вакцини, дека исто така ќе помогне.

притисни ентер