Николовски: Во вторник ќе објавиме голем акциски план за борба против корупцијата и криминалот

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во вторник ќе објават голем акциски план за борба против корупцијата и криминалот.

Според Николовски, планот ќе ги содржи сите забелешки, препораки и барања на невладините организации, на Граѓанската платформа за борба против корупцијата, на „Транспаренси", на Државната комисија за спречување на корупцијата, на регулаторните тела и сите забелешки и препораки од стратешкиот партнер-САД, Извештајот на ЕК, и од сите релеватни институции кои ја следат состојбата во државата.

-Со тоа ќе побараме отворање на широк фронт, пред се политички, со максимална поддршка на сите чинители ако сакаме да си ја средиме земјата, ако сакаме да имаме систем, ако сакаме законот да важи за сите-дајте да ги имплементираме сите оние барања кој до нас се испорачани. Мојот кабинет активно работеше на нивно детектирање, на сублимирање и ние тоа на Влада ќе го понудиме и објавиме и бараме секој чесен и одговорен човек, што и мисли добро на оваа држава, понатаму да не ги блокира, туку да даде поддршка, помош и поткрепа на сите овие работи, рече генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Никловски.

Додаде дека со приемот на земјата во НАТО се решени крупни историски проблеми и сега било време за решавање токму на овие приоритети кои што се битни за сите граѓани.

На новинарско прашање каде има најмногу корупција, Николовски подвлече дека тоа е зло кое го имаме во сите пори на општеството и не само во нашата татковина, туку го има насекаде и затоа пораката која се праќа со поставување на високо ниво на заменик претседател на Владата, кој во своето портфолио ја има токму борбата против корупцијата и криминалот, е дека тоа е на врвот на приоритетите на Владата.

– Ако мене ме прашувате во кои области ја има најмногу корупцијата тоа е во урбанизмот, издавањето дозволи, концесии, во спортот, во службите во општините, секаде каде навиките се вкоренети не во овие две или три години, туку со децении наназад. Ние сега имаме пред нас да решиме децениски проблем и сум убеден дека како чесна, нова генерација на македонски политичари сите заедно ќе успееме во таа борба, одговори Николовски.

Тој се осврна и на досегашните блокади и кочењето на клучни законски одредби од страна на опозицијата и истакна дека е потребна реформа на сите политички парти, како и македонско единство за да има правда, ред и дисциплина без оглед за кого станува збор./МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство. 

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

- Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

притисни ентер