Николовски: Во Агро советот нема да се крои политика

Во Агро советот нема да се крои политика, туку ќе се изнаоѓаат реални решенија за земјоделството.

Секој што мисли дека Агро советот ќе биде место на кое ќе се бара се и сешто и дека ќе има други влијанија, веднаш ќе му се заблагодариме. Овде нема да се крои политика, туку секој со својот ум, концепт и идеи ќе разговара и ќе нуди предлози и решенија, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната конститутивна седница на Советот за земјоделство и рурален развој што се одржа во Владата.

Приоритет на Советот, потенцира Николовски, ќе биде домашното производство и обезбедувањето храна.

Министерот најави дека следуваат нови мерки со кои ќе се предвиди поддршка за есенската седиба. Мерките ќе ги креира Агро советот во текот на летото.

Пред членовите на Советот Николовски се осврна на сработеното во изминатите месеци, потсетувајќи дека е донесен Националниот план за поддршка на производството на храна.

Според него, земјава, како и останатите држави во светски рамки, е исправена пред голем предизвик – кризата која се продлабочи со руско-украинскиот конфликт.

-Максимална е мобилноста во светот за обезбедување храна. Ние преземаме навремени чекори за поддршка на земјоделството, во соработка со сите засегнати страни и релевантни чинители. Во тој контекст и Агро советот има обврска, пред се кон државата, да предлага, дискутира и изнаоѓа реални решенија. Убеден сум дека ќе го дадеме својот максимум. Наша задача ќе биде да ги мотивираме земјоделците целото домашно производство да биде предадено, пред се, во домашните преработувачки капацитети, истакна Николовски.

Тој, како што напомена, од Советот очекува широка, конструктивна дебата.

На предлогот на Министерството за земјоделство, Владата донесе Одлука за повторно активирање на Советот за земјоделство и рурален развој кој првпат е основан во 2012 година, но ниту еднаш досега не заживеа во формата за која беше креиран со Законот за земјоделство и рурален развој.

Во Агро советот учестуваат претседателите на постојаните потсекторски групи, претставници на здруженија на производители, преработувачи, стопански комори, претставници на науката, на потрошувачите и претставници од здруженијата на единиците на локалната самоуправа и здруженијата за заштита на животната средина.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени околу четири милијарди денари плус за земјоделството кои ќе бидат дел од Интервентниот фонд за креирање нови мерки, но и за целосно расчисување на сите долгови по секоја основа и кон кој било корисник. Се надевам дека нема да има ретроградни сили кои ќе се обидат да ја закочат оваа работа, туку напротив, дека сите ќа дадат поддршка во Собранието, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Во обраќањето на конститутивната седница на Советот за земјоделство и рурален развој што се одржа во Владата, Николовски порача дека секој денар обезбеден од парите на граѓаните преку Буџетот, мора транспарентно и рационално да се искористи, а воено профитерство не смее да има.

-Даваме финансиска поддршка за производство дома. Испраќам јасна порака дека ќе ја следиме секоја компанија, секој трговец, зашто не може од парите на граѓаните во ваква светска криза и војна некој да прави воено профитерство и да тера бизнис. Не, сега е време да се обезбеди храна и затоа, за секој денар како инпут во земјоделството обезбеден од парите на граѓаните преку Буџетот, со ребалансот, секој ќе треба етички, морално и одговорно да се однесува. Имаме мандат да предложиме одлуки во секој момент доколку увидиме дека постојат загрозувачки елементи во нечие однесување, подвлече министерот.

Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница- снимка со 32 милиони прегледи

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

@gender.reveal.tv Breaking my husband’s nose at our gender reveal 🙃🎀 #genderrevealfail #notactuallybroken #18weekspregnant ♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

НБА казни млад кошаркар - на жените им ги покажувал интимните делови на телото

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо (20) е суспендиран на четири натпревари без плата поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА.

Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажувал интимните делови на голем број жени.

„Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА. „Сепак, ваквото однесување не е во согласност со стандардите на лигата и бара казна“, се додава.

Сан Антонио Спарс го раскина договорот со Примо на 31 октомври минатата година, а младиот кошаркар моментално е без клуб. Тој ќе ја одлежи суспензијата доколку потпише договор со друг тим од НБА.

д-р. Хилари Котен, поранешниот терапевт на Примо, првпат се појави со обвинувања против него минатата есен, велејќи дека тој „се изложил во девет одделни прилики“. Бидејќи Спарс не направија ништо, Каутен го тужел клубот, а тужбата била решена надвор од судот.

Примо одиграл вкупно 54 натпревари во дресот на Спарс, а имал просек од 5,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар. Набргу откако бил отпуштен од Спарс, Примо рече дека се бори со своето ментално здравје.

„Побарав помош да се справам со претходната траума што ја претрпев и сега ќе го одвојам ова време за да се фокусирам поцелосно на третманот за моето ментално здравје. Се надевам дека ќе можам да разговарам за овие прашања во иднина за да можам да им помогнам на другите кои претрпеле на сличен начин. Ја ценам приватноста во овој момент“, изјави тој неодамна.

Цените на нафтата надминаа 96 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија над 96 долари на меѓународните берзи, поттикнати од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во Кина за време на празничната сезона.

На лондонската берза цената на барел со датуми на испорака во ноември беше за 88 центи повисока попладне отколку на крајот на вчерашното тргување и изнесувала 96,26 долари. Поактивно се тргувало со барели со датум на испорака во декември, по 97 центи повисока цена од 94,07 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Трговците се фокусираа на знаците на тесна понуда во САД на крајот на неделата. Залихите во резервоарите во Кушинг, од каде се испорачува нафта купена со форвард договори на американскиот пазар, веќе се на најниско ниво од јули минатата година.

„Понатамошниот пад би ги спуштил на критично ниво, што би можело да го отежне нивното извлекување (од резервоарот - op.ed.)“, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк.

Цените се поддржани и од проценките дека побарувачката за гориво во Кина ќе се зајакне за време на седумдневниот одмор што започнува денеска.

„(Зголеменото) патување во странство за време на празникот Златна недела ја поттикнува кинеската побарувачка за нафта“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Се очекува и домашните патувања да ја поддржат побарувачката. Податоците од апликацијата за летови на Umetrip покажуваат дека просечниот број дневни резервирани летови е за петтина поголем отколку за време на Златната недела во периодот пред пандемијата 2019 година.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и ако не паднат цените на домашниот пазар. Цените на рускиот бензин и на дизелот благо паднаа денеска на Меѓународната берза во Санкт Петербург.

Економистите прогнозираат дека барелот во Лондон ќе во просек ќе изнесува 89,85 долари во четвртиот квартал и 86,45 долари во 2024 година.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, пишуваат аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки вчера поскапел за 40 центи на 97,48 долари.

притисни ентер