Николовски: Со интензивна комуникација на сите чинители ќе се дефинира прочистувањето на правосудството

„Процесот на прочистување на правосудството беше една од клучните темели на коалицискиот договор за оваа влада. Бев директно вклучен во самите разговори за договорот.“

Во интензивна комуникација со Министерството за правда, но и со останатите чинители ќе биде дефиниран концептот и моделот на прочистување на правосудството, порача денеска на прес-конференција вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој одговори на новинарско прашање како неговиот тим всушност ќе биде вклучен во тој процес, кој деновиве го најавува и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Николовски истакна дека тој процес е веќе почнат со одредени проверки на потеклото на имотот на носителите на јавни функции и напомена дека преку него треба да се осигури правдата, која пред се доаѓа преку прочистување на правосудниот систем на земјата.

– Процесот на прочистување на правосудството беше една од клучните темели на коалицискиот договор за оваа влада. Бев директно вклучен во самите разговори за договорот. Клучно за државата во моментов се правдата, економијата, борбата против корупцијата, екологијата и уште некои приоритети. Денес кога сите нашите соседи ни се пријатели, кога сме дел од безбедносниот сојуз НАТО, кога се остварени стратешките цели на државата, почнуваме преговори со ЕУ, треба да се зафатиме со работа дома. Граѓаните ја испратија својата порака, сакаат да има одговорност, рече Николовски./МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер