Николовски: Ситуацијата е срамна и понижувачка, македонците се втор пат понижени

Ситуацијата е срамна и понижувачка, граѓаните пред се тука би рекол етничките Македонци се втор пат понижени. 

Прв пат беа понижени кога се промени името на државата со срамниот Преспански договор во јуни месец 2018-та година, а сега се втор пат понижени кога треба да ги менуваат основните лични документи како би можеле да комуницираат во земјата и во странство.

Вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во телевозиско гостување. сега ги гледаме плодовите на преспанскиот договор кои ништо добро не донесоа за македонија, туку донесоа многу лоши работи и гледаме дека обврските кои ги презема со Преспанскиот договор владата на Заев а ги продолжи Димитар Ковачевски, фикс во двете е Али Ахмети очигледно се далек, далеку по лоши од тогаш што се споменуваше во јавност“, истакна Николоски .

СДСМ: Единствена шанса за подобра македонска иднина е членство во ЕУ

Членството во Европската унија претставува единствена шанса за подобра македонска иднина.

СДСМ иднината на Македонија ја гледа во ЕУ, како горда, рамноправна членка на европското семејство, до 2030 година.

Државата со СДСМ по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во ЕУ и успешно го заврши скрининг процесот.

СДСМ на економски план изминатите години направи многу. Пензиите и платите ги покачи на историски највисоко ниво, успешно се справи со енергетската криза, како и со ковид кризата, преку антикризни пакети и таргетирани мерки парите се враќаат назад кај граѓаните.

Можностите за поголеми плати и пензии, функционален судски систем, забрзан раст на економијата, поголеми инвестиции, европски стандарди во сите области, доаѓаат од членството во ЕУ.

Друга алтернатива нема.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања, со кои ја носат земјата во изолација.

Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да се спречи заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ.

Не смееме сега да застанеме кога сме пред целта, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и жално- Пендаровски го спречува да се отсели од Македонија само функцијата

Стево Пендаровски пред 5-6 години на граѓаните им ветуваше живот, напредок и подобар стандард. 

Поразителниот резултат од неговата работа е неговото признание дека ако не бил бил на функцијата претседател на Македонија би ја напуштил и би се отсели.

Тоа во исто време е и срамно и жално.

Срамно е тоа што единствено нешто што го врзува за Македонија е фотелјата, а жално е што толку години во политиката и на функции не овозможил подобри животни услови за сите граѓани во Македонија.

Стево Пендаровски додека зема функционерска плата ништо не направи за намалување на сиромаштијата која достигна 600 илјади граѓани. Ништо не направи младите да најдат иднина во својата татковина. Ништо не направи на полето на економијата, на полето на образованието или било кое друго поле од системот кој е во целосно тонење.

Граѓаните се селат затоа што не функционира државата заради кадри како Стево Пендаровски.

Пендаровски го згази достоинството на Македонија и на народот. Тој го изгуби целосно својот кредибилитет и интегритет, се наведува во партиското соопштение.

Притвор за жител на Велешта, кој нападнал медицинска сестра од Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник .

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата. Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал.

-Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден. Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, наведува ЈО.

притисни ентер