Николовски: Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори во Општина Штип, порача на денешната прес-конференција во Штип,  генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. 

Забележа дека нивниот кандидат за градоначалник изминатите години се профилираше како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија.

–Во краткиот период додека ја извршуваше функцијата пратеник во Собранието, Николов покажа како се работи посветено и одговорно во интерес на граѓаните и државата. Немаме сомнеж дека така ќе продолжи и како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани, вели Николовски.

Тој ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да излезат и да гласаат на своите избирачки места, а уверува дека ќе бидат безбедни по здравјето на граѓаните.

–Да не дозволиме центарот на Истокот да застане. Во изминатите три години СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните на Штип. За тоа говорат бројните реализирани проекти: детска градинка, мост со обиколница, кружни текови, паркинг платформа, нови патишта, над 50 улици, нови тротоари, над 12 километри водоводи и канализации, реконструкција на сите училишта, на четири спортски сали, филтер станица. Во тек е огромен и значаен проект за изградба на браната на река Отиња, покриен базен, започнува изградба на градскиот стадион. За тоа говорат и политиките на СДСМ кои се важни за овој работнички град, како што се зголемување на минималната плата, порастот на просечната плата, проектите за враќање на парите назад кај граѓаните, рече Николовски.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов порача дека неговата мисија е Штип да се развива во модерен, европски, еколошки, безбеден град со еднакви можности за сите, а како што вели оваа мисија е почната пред три години.

-Во главниот фокус на мојата програма е инфраструктурата, а истовремено и обезбедување на еколошки здрава и чиста животна средина, грижа за сите граѓани подеднакво, подобри услови за учениците во училиштата, за најмалите во градинките, како и грижа за нашите највозразни сограѓани, пензионерите. Имаме визија, имаме цел и ќе ја оствариме. Забрзано ќе работиме драстично да ја намалиме разликата помеѓу градските и руралните средини во однос на инфраструктурата, вели Николов.

Посочи дека ќе следува реконструкција на крстосница во населбата Сењак, помеѓу улиците „Сремски фронт" и „Борис Крајгер", како и на улиците „Панче Караѓозов", „Солидарнсот", „Браќа Даневи", „Петти конгрес", дел од булеварот „Партизанска" со пари обезбедени од Министерство за транспорт и врски преку Светска банка.

-Заштитата на животната средина е проблем за кој штипјани бараат решение и тоа ќе го оствариме. За таа цел ќе се воведе нов режим на собирање на смет за што во функција се стават пет нови специјални возила за собирање смет. Ќе се реализира и проектот за селекција на отпад- пластика и стакло со поставување на контејнери на 30 нови локации. Како и останатите поголеми градови, така и Штип се бори со намалување на загадувањето на воздухот и се стреми да стане зелен град. Во таа насока ќе се постават мерни станици кои ќе го мерат квалитетот на амбиенталниот воздухот, ќе се формира нова паркова површина во населба Сењак 3, како и на паркови површини во селата Чардаклија и Караорман, истакна Николов.

Тој додаде дека се обезбедени средства од Владата за започнување на изградба на брана на река Отиња, проект од историска важност за Штип. Што се однесува за гасификацијата, завршени се идејниот и инфраструктурниот проект, во финална фаза е основниот проект.

-По завршување на постапката која ја води Владата, ќе се пристапи со изградба на 20 километри гасоводна цевка до Штип. Со цел безбедност на граѓаните и растоварување на сообраќајот и подобар проток, на левата страна од река Отиња ќе изградиме пешачки конзоли со средствата кои се веќе обезбедени од Буџетот на Македонија и Буџетот на Општина Штип, вели Николов.

Во фокусот ќе му бидат и реконструциите на училиштата и градинките. Порача дека важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од граѓаните. /МИА

Ќе се снима рекламен спот на патот Велес-Штип, повремени прекини на сообраќајот

Поради снимање рекламен спот денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип.

Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.

Сончево и ведро време со максимални температури до 18 степени

Ведро и студено е утринава во целата држава. Слаба магла има во Скопската котлина и во Демир Капија.

Според утринските мерења на УХРМ, најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени по што следуваат Битола и Струмица со -7, Демир Капија со -6 и Тетово со -5. Четири степени под нулата се измерени во Скопје, Прилеп, Штип и Гевгелија, -3 во Дебар и -1 во Крива Паланка и Лазарополе. Нула степени утринава се измеренеи во Охрид, Виница и Маврово и 4 степени во Крушево и Дојран.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со слаба магла по котлините во утринските часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 10 степени.

Седница на Антикорупциската комисија

ДКСК најави дека на седницата ќе постапува и по предмети од Годишниот план за следење на имотната состојба и интереси, како и по конкретни предмети.

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница треба да расправа за усвојување на методологија за антикорупциска проверка на легислативата и на практично упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата.

ДКСК најави дека на седницата ќе постапува и по предмети од Годишниот план за следење на имотната состојба и интереси, како и по конкретни предмети.

притисни ентер