Николовски: Преку нови четири огласи на раполагање ставаме дополнителни 4.294 хекатри земјиште

„Преку нови четири огласи на раполагање ставаме дополнителни 4.294 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади“.

На својата редовна 45-та седница Владата на Република Македонија по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука за распишување на четири јавни огласи за ставање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари.

Земјоделското земјиште кое се дава на закуп со овие јавни огласи е со намена за подигнување на долгогодишни насади и оренжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на замјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.

"Не оставаме ниту една педа земјоделско земјиште не обработена. Распишуваме нови четири јавни огласи преку и на располагање ставаме 4.294 хектари државно земјоделско земјиште до 3 хектари, за подигнување на долгогодишни насади, распределени во 31 регион низ државата. Подготвуваме и два нови јавни огласи, што ќе следат во месец мај, за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Едниот јавен оглас со намена за одгледување на сточна храна, а вториот јавен оглас за сите намени согласно Законот за земјоделско земјиште" изјави министерот Николовски.

Наша цел, како министерство, е зголемено домашно производство. Заврши постапката за аплицирање на јавниот оглас со кој на располагање ставивме дополнителни 5.722 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари, за обработка пред се на стратешки житни култури, распределени во 14 региони низ државата. За овој јавен оглас интересот на земјоделците беше голем. Пристигнати се рекордни 235 апликации, што претставува до сега најголем број поднесени апликации на оглас за закуп на земјоделско земјиште.

"Оваа бројка ме прави среќен, затоа што успеавме во нашата цел поставена во Националниот план за производство на храна кој го донесовме. Големиот интерес значи зголемено домашно производство на стратешки култури, значи и намалена увозна зависност на државата. Среќен сум што преку директните контакти со земјоделците кои целиот овој месец ги имаме, успаевме да ги информираме и мотивираме максимално да ги искористат мерките кои им се нудат" изјави министерот Николовски.

Министерот Љупчо Николовски заедно со тимот од министерството секојдневно ги продолжуваат теренските средби, слушајќи ги земјоделците креирајќи заедно мерки за поддршка на секој земјоделец.

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер