Николовски од Штип: Се гради на Истокот како никогаш досега, од Делчево до Лозово, од Штип до Крива Паланка, затоа што се работи домаќински и со план

„Луѓето на Истокот на изборите претходно беа под притисок, под закани, под уцени.  Посебно земјоделците,  работниците. Тоа време е минато.

Работниците се наша светост и ние ќе продолжиме да ги штитиме нивните права. Затоа денес покажавме дека може да имаме повисока минимална плата од 9.000 на 14.500 и тоа еднаква и во текстилната и во кожарската индустрија. За сите од овој регион", порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на Коалицијата „Можеме" од вечерашната трибина во Штип.

Тој нагласи дека во Источниот регион се инвестира и се гради како никогаш досега, а поддршка има и за сите категории граѓани.

„Овозможивме да има зелена нафта, која до крајот на мандатот ќе биде покриена 100 проценти, има поголеми субвенции, направивме многу капитални проекти. Нема регионален пат што не е направен од Делчево до Лозово, од Крива Паланка до Штип,. Три од четири експресни патишта се градат на Истокот. Истокот да биде уште поповрзан, да се тргува, да ги вратиме нашите Македонци, а да ги извезуваме нашите брендирани прозводи. Автопат Миладиновце – Свети Николе-Штип, го оставија многу проблеми кои ние требаше да ги поправаме и на кои изгубивме многу време", рече Николовски и нагласи дека СДСМ и Коалицијата „Можеме" ја нуди чесноста и одговорноста да продолжи нашата држава по вистинскиот пат.

СДСМ

Комитетот за финансиска стабилност: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен

И по укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка" АД Скопје, граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. 

Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците.

Финансиската стабилност постојано јакне и за тоа клучен е придонесот токму на стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем. Тој е еден од најцврстите носечки столбови на македонската економија, на којшто секогаш можат и ќе можат да се потпрат граѓаните и компаниите, и економијата во целина. Укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка" АД Скопје е влог во натамошно одржување на стабилноста на банкарскиот систем и на финансиската стабилност во целина.

Со укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка" АД Скопје се штити стабилноста на банкарскиот систем и финансиската стабилност во целина. „Еуростандард банка" АД Скопје имаше исклучително ниско учество во најзначајните активности на банкарскиот систем (1,3% од вкупната актива, 1,7% од вкупните депозити и 1,6% од вкупните кредити), а истовремено остваруваше значајно влијание врз нефункционалните кредити на системот.

Укинувањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка" АД Скопје не влијае на стабилноста на ниту еден сегмент на финансискиот систем.

Остварувањата на банкарскиот систем, со состојба на крајот на првата половина на оваа година се подобри споредено со мартовските податоци, кога корона-кризата сѐ уште не беше посилно присутна во нашата економија.

Од исклучително големо значење за постојаното јакнење на финансиската стабилност е што солвентноста на банкарскиот систем е во рамки на историскиот максимум. Најголемиот дел од добивката на банките, во изминатиот период беше реинвестирана, во согласност со препораката на Народната банка. Високата ликвидност на банкарскиот систем, заедно со неговата солвентност се главни показатели коишто потврдуваат дека системот има висока отпорност на шокови, но и капацитет за натамошна кредитна поддршка на реалниот сектор.

Добивката на банките е намалена во изминатиот период, но показателите за профитабилноста на банкарскиот систем се исклучително солидни. Со изземање на „Еуростандард банка" АД Скопје од системот, според податоците на Народната банка со состојба на 30 јуни 2020 година, кај финансискиот резултат на системот се забележува подобрување за речиси 21%.

Притоа, од членовите на Комитетот беше констатирано дека со ваквите перформанси, банкарскиот систем, во секој момент може во рамки на максимумот да одговори на потребите на клиентите и ефикасно да им овозможи користење на банкарските услуги и производи, вклучително и квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – безбедност за нивните депозити.

Во завршницата на седницата на Комитетот уште еднаш беше споделена заедничката констатација дека соработката и координацијата меѓу финансиските регулатори е од исклучително значење за одржувањето на финансиската стабилност, а дека здравиот, сигурен и стабилен банкарски систем е главен стожер на финансиската и макроекономската стабилност, во којшто доверба може да имаат сите економски субјекти во земјата.

Комитет за финансиска стабилност

ГИС – Платформата за Карпош повторно достапна за граѓаните

 Во интерес на зголемување на транспарентноста и достапноста на јавни податоци, Општина Карпош, на својата веб страница повторно го воведе системот на ГИС (географски информационен систем).

-Оваа услуга не беше достапна повеќе години наназад, па затоа отсега граѓаните ќе можат брзо и ефикасно да пристапат до бараните информации. Имено, со само неколку клика на официјалната веб страница на Општината, корисниците ќе имаат увид во фактичката состојба со ДУП-овите и градежните парцели како и фактичката состојба, т.е катастарската ситуација и детален преглед со сателитска снимка од Карпош. Практично, на овој начин заинтересираните странки ќе можат да дојдат до бараната информација по електронски пат, без притоа физички да ги посетат просториите на општинската администрација, наведуваат од Општината.

Таканаречената „паметна електронска карта" ја изработи реномираната софтверска фирма GDI (со претставништво во Скопје). Платформата нуди просторни податоци кои се распоредуваат во неколку тематски нивоа во т.н слоеви во форма на дигитални карти. Подетално разгледано, тоа претставува низа од планови нацртани на проѕирна хартија – транспарент, која содржи одреден вид информација (на пример: патна мрежа, сателитска снимка, просторен план, детални урбанистички планови, катастарска подлога, итн.).

Секоја од просторните податоци на платформата е придружена со координати. Со помош на системот на овој начин, граѓаните имаат моментален увид на предвидената состојба (преклопувајќи ги детално, урбанистичките планови). Технологијата на Географскиот информационен систем може да се користи за научни истражувања, управување со ресурсите, управување со имоти, планирање на развојот, просторно планирање, картографија и планирање на инфраструктурата. ГИС – порталот на Општина Карпош може да се посети преку директниот линк.

Викендов нестабилно, со пороен дожд и грмежи

За време на викендот времето во повеќе делови од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, (некаде и над 10 литри за три часа), засилен ветер и појава на град.

Како што информира УХМР, локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.

Денеска ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во посеверните и планинските подрачја. Максималната температура ќе биде од 29 до 36 степени.

Утре температурата ќе се движи од минимални 13 степени во Берово до 33 во Гевгелија. Во недела, пак, максималната температура ќе биде 31 степен.

притисни ентер