Николовски од Пехчево: СДСМ вложува во развојот на општините

„Затекнавме блокирани и крахирани општини од луѓето на Груевски. “

„Со 50 милиони евра ги раздолживме општините, скративме на непродуктивни трошења и расипништво што го гледавме во претходните 11 години, ги кратиме привилегиите на функционерите, за да има повеќе пари за проекти за граѓаните, затоа што ние сме сервис на граѓаните, СДСМ вложува во развојот на општините, затоа што локалната економија е двигател на животот", порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната средба со жителите на селото Црник, Пехчево.

„Уште на 17-ти октомври и село Црник и цело Пехчево ќе прати гласна и јасна порака за победа за градоначалник и за советничката листа, за бројот 12, и ќе продолжиме напред, а не назад. Да гласаме за Славчо Пандурски, за да ги продолжиме проектите, да продолжиме со нашата заедничка поддршка, со поддршката на централната власт, за да продолжиме да градиме училишта, мостови, патишта. Фактите говорат дека нема регионален пат што не е обновен, модернизиран не е асфалтиран. За четири години изградивме над 1.040 километри патишта, 60 градинки, 35 здравствени објекти, 80 училишта, домови на култура и многу капитални проекти коишто се од интерес на граѓаните. СДСМ не инвестира во жални врби, во стиропор, во барок. Тоа е минато и враќање назад нема, СДСМ инвестира во проекти за граѓаните, го слушаме секој и наоѓаме решение на секој проблем", рече Николовски.

Кандидатот за градоначалник на Пехчево, Пандурски презентираше дел од проектите планирани за следните четири години , како што е изградба на водоводни мрежи за водоснабдување и одводнување, реконструкцијата на локалниот пат Робово – Умлена – Чифлик, регулација на делот од речното корито на Пехчевска Река, реконструкција на патот Пехчево - Равна Река и други.

Николовски посочи дека секоја инвестиција стратешки ќе се употреби за нови работни места и за повисоки плати за секого, а приходите за општините ќе се зголемат уште повеќе, затоа што народот ни живее во маалата, во селата, во градовите, и парите мора таму да ги насочуваме. „Има пари, а ќе има уште повеќе за општините, единствениот услов е општините, советите и градоначалниците да се транспарентни и отчетни и да не го кочат, да не го блокираат развојот на општината", рече Николовски.

Развојот на општините, зависи од локалните совети, да гласаме за развој а не за блокади, за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ. На 17-октомври, да ја заокружиме иднината со бројот 12, да гласаме за „Најдоброто" за Општина Пехчево, за Славчо Пандурски и за советничката листа, се наведува во партиското соопштение.

Руски боксер со голи раце убил мечка, која смртно го повредила неговиот пријател

Од Русија доаѓаат вести кои делуваат како приказна од хорор филмови.

Илја Медведев, 23-годишен руски боксер, со пријателот ловел риба во Сибир кога ги нападнала мечка. Пријателот Вјечеслав Дудник бил нападнат и убиен од мечката, а потоа се свртела кон Медведев. Боксерот извадил пиштол и пукал, но мечката му го исфрлила од рака. Сепак, Медведев успеал да извади нож и да го избоде животното.

„Имаше крици, а потоа и пукотници. Кога пристигнав, видов дека Вјачеслав е мртов“, рекол рибар кој бил во близина и кој го префрлил Медведев во болница.

Според Дејли Мејл, тој има сериозни повреди и е во критична состојба.

Полициско куче изгризало навивач во Холандија, неговите колеги го нападнаа полицискиот коњ

На синоќешниот натпревар во Лигата одигран во Ротердам помеѓу Феенорд и Унион Берлин, имало жесток судир помеѓу германските навивачи и холандската полиција.

Според германски Билд, претставниците на навивачите тврдат дека конфликтот настанал поради лошата организација. Наводно, имало премал број вработени кои ги прегледувале ковид-потврдитее, а некои скенери биле неисправни.

Потврдите за Ковид се разгледувале многу бавно, што резултирало со голема гужва пред влезот и нервоза кај околу 2400 фанови.

Полицијата во Ротердам известува за настаните сосема поинаку. Велат дека биле цел на група хулигани и се судриле со полицијата. При жестоката тепачка имало повеќе повреди. Еден навивач бил каснат од полициско куче, а хулиганите повредиле полициски коњ. Имено, фрлањето пиротехнички средства го исплашило, па паднал со полицаецот кој го јавал.

Портпаролот на Унион ги поддржал навивачите и тврди дека организацијата била навистина лоша и дека повеќето навивачи целото прво полувреме го поминале во ред пред стадионот. Снимките и сликите, вели, ја потврдуваат крајната бруталност на домашната полиција во пресметката со навивачите.

Позната холивудска актерка е уапсена за време на протестите пред Белата куќа (ВИДЕО)

Полицијата во Вашингтон ја уапси актерката Алиса Милано додека протестирала со група истомисленици пред Белата куќа, барајќи промени на правото на глас.

„Само што бев уапсена додека протестирав и барав од администрацијата на Бајден и Сенатот да го искористат своето право и да го заштитат правото на глас. Застанете со мене и кажете им гласно на Сенатот и Белата куќа дека секој мора да ги има тие права, без разлика каде живеат ", напишала актерката на нејзиниот профил на Инстаграм.

Полицијата прво ја предупредила актерката дека заедно со членовите на здружението People for the American Way мора да се тргне од областа, во спротивно ќе мора да ги уапсат според законот кој забранува собирање толпи и окупирање на улици и тротоари.

Патем, актерката пред протестот објавила дека може да биде уапсена. „Денес ќе ризикувам апсење бидејќи минатата година беа воведени 425 закони кои го ограничуваат правото на глас“, рече Милано во видеото објавено на Твитер. „Затоа ќе барам нашиот претседател да направи се` што е во негова моќ за да ги усвои Законот за слобода на гласот, Законот за правата на глас на Џон Луис и Законот за државност на ДЦ“.

Актерката од порано е позната по својот политички активизам, а во 2019 година зборуваше за своето лично искуство со абортусот во знак на протест против рестриктивните закони, кои ги нарече „напад врз женските тела“.

притисни ентер