Николовски од Делчево: Гласајте за луѓе кои реализираат проекти

Во Делчево вечерва се одржа трибина на која говореше носителот на листа во ИЕ 3, од коалицијата ,,Можеме” Љупчо Николовски и претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски.

Во своето обраќање на трибината, носителот во ИЕ 3, Љупчо Николовски истакна дека сите анкети потврдуваат дека Владата ќе ја формира СДСМ.

-Приклучете се на најразноликата коалицијата затоа што како бел ден е јасно дека продолжуваме со ова темпо затоа што можеме и подобро и повеќе. Ве поздравувам од претседателот Заев кој упатува повик на мобилизација, човекот кој ги собра на едно место и Македонците и Ромите и Албанците и сите кои ги имаме на едно место, граѓани од различни организации кои се приклучија и се гарант на нашата победа, истакна Николовски.

Да гласаме за коалицијата ,,Можеме” затоа што треба да ги поразиме политиките на нашите кандидати кои се остаток на груевизмот.

-Тоа е истата таа криминална банда, позади која стојат многу афери, злосторничко здружение кое ги изнесе парите во Белизе. Тие бараат поддршка за обнова, а ги видовме 11 години што направија. Затоа ги кандидираат истите функционери на Никола Груевски. Но тука сме јас, Аксел, Соња, луѓе кои многу добро не знаете сите колку се боревме за секој еден проект. Знаете дека позади нас нема дамка, затоа што се е чисто и крв дадовме во нашите глави да го срушиме режимот, потенцираше Николовски.

Дополни дека ќе расте социјалната помош, иако сегашната Влада ја зголеми за 300 отсто.

– Во новата програма даваме збор и дека 64.000 дечиња ќе добиваат детски додаток, ќе работиме на зголемување на образовниот додаток. Ние работиме од срце од душа и тоа ќе го правиме во наредниот период, ќе земаме плата и јас и Аксел, но ќе работиме за граѓаните. Покажавме и одржавме лекција како се помага локалната власт и ви давам збор дека ќе бидам тука за секој проблем и наоѓање на негово решение. Треба уште повеќе да бидете горди затоа што на висока позиција ќе биде партијата на Аксел Ахмедовски на позиција преку која ќе би дава помош и да има на кого да се потпрете.

Затоа на 15 јули ни треба секој глас, затоа што само така ќе напредуваме, порача тој.

-Ги слушнавте ВМРО ДПМНЕ дека ќе ја намалат минималната плата. Тие гласаа против минимална плата, против растот на платите во држата и велеа дека ќе има проблеми затоа што се научени да ги изнесуваат парите на сметките на Рајскоте острови. Затоа на 15 јули тие треба да се плашат за она што ќе ги снајде, дополни носителот Николовски.

Нашата одлука да направиме партија е затоа што сакаме сивата ромска политичка зона да стане бела и ромската заедница достоинствено да учествува во креирањето економски развој и иднина на младите, истакна Ахмедовски пред присутните.

-Се одлучивме за коалиција на претстојните избори затоа што само на тој начин ќе се обезбеди еднаквост за сите. На тој начин ќе се обезбеди и толеранција искоренување на дискриминацијата и сиромаштијата преку креирање заеднички јавни политики со активна вклученост на вистински претставници на ромската заедница во институциите на системот. Ако ме прашате зошто коалиција со СДСМ, затоа што сметаме дека на тој начин ќе биде обезбедена поголема социјална сигурност, рече Ахмедовски.

На трибината свое обраќање имаше и делчевскиот градоначалник Горан Трајковски кој се осврна на сето она, како што рече, што не го направи ВМРО ДПМНЕ додека беше на власт, наспроти она што СДСМ го направи./MИА

Бројот на заразени од коронавирус во Шпанија надмина 300.000

Бројот на заразени со коронавирус во Шпанија денеска ја надмина новата психолошка граница од 300.000, додека регионалните влади се обидуваат да ги сузбијат околу 500 жаришта на вирусот низ целата земја.

Во последните 24 часа се заразиле 1178 лица, така што вкупниот број на пациенти од почетокот на пандемијата достигна 302.814, соопшти Министерството за здравство.

Шпанија, со население од 47 милиони, е една од најпогодените европски земји од март, со вонредна состојба која траеше скоро стотина дена. После тоа, жителите се движат слободно, што во некои случаи довело до ново појавување на вирусот, особено за време на поголемите семејни собири, популарни во Шпанија и организираните ноќни забави.

Во последните неколку дена, најмногу заразени има во северо-источните провинции Арагон и Каталонија, во и околу главниот град Мадрид и во јужната провинција Андалузија. Владите таму имаат ограничени мерки со затворени ноќни клубови и казни за баровите што не се во согласност со мерките, но и за жителите на улиците без маски за лице, бидејќи нивното носење е задолжително.

Шпанското Министерство за здравство им порача на жителите да останат мирни бидејќи земјата е поподготвена да се бори против вирусот отколку во претходните месеци. Владата соопшти дека ситуацијата е под контрола и земјата е безбедна туристичка дестинација.

Во минатата недела починале 34 лица, со што вкупниот број жртви достигна 28.498 лица.

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година.

Вкупните буџетски приходи во тој период се реализирани во износ од 87.437 милиони денари, што претставува 44,4 отсто од планираниот износ за 2020 година, а вкупните расходи се реализирани во износ од 113.387 милиони денари, или 46,7 проценти од годишниот план.

Како што информираат од владината прес-служба, во полугодишниот извештај за извршување на Буџетот кој е реализиран во услови на пандемијата од КОВИД-19 и во вонредна состојба, во резимето се констатира дека бруто-домашниот производ во првиот квартал од 2020 година забележа годишен раст од 0,2 отсто на реална основа, при позитивен придонес врз растот на домашната побарувачка и негативен придонес на нето-извозот, во услови на пад и на извозот и на увозот.

Согласно извештајот бројот на вработени во првиот квартал во 2020 година е повисок за 2,7 отсто во однос на истиот квартал во 2019 година, а бројот на невработени се намали за 8,6 отсто, што резултираше со намалување на стапката на невработеност на 16,2 отсто.

Во резимето на Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Македонија во периодот јануари – јуни годинава е регистрирано дека стапката на инфлација во првото полугодие од 2020. изнесува 0,5 отсто, што е главно резултат на зголемените цени на храната за 1,7 отсто при намалување на цените на енергенсите.

Според извештајот, во периодот јануари-јуни годинава остварен е дефицит на Буџетот на Република Македонија од 25.950 милиони денари, што претставува 3,8 проценти од проектираниот БДП за годинава, државниот долг на крајот на првиот квартал изнесува 41,8 отсто од БДП, додека јавниот долг претставува 50,7 отсто од БДП./МИА

Огромни шумски пожари во близина на Марсеј , илјадници евакуирани (ВИДЕО)

Околу 2.700 луѓе се евакуирани откако шумските пожари пустошат во близина на Марсеј во јужна Франција, соопштија пожарникарите на Твитер.

„По пеколната вечер, вкупно 1.800 пожарникари се на терен во борба против разорниот оган“, се вели во твитот на противпожарната служба.

Пожарот зафатил 1.025 хектари, но немало жртви меѓу локалното население, соопштија пожарникарите.

Шефот за противпожарна заштита Грегори Алионе изјави за FranceInfo дека голем дел од пожарот е под контрола, но дека ќе потрае неколку денови додека не се изгасне целосно.

Од пожарот биле погодени околу 1.500 туристи, а цели кампови биле целосно уништени, изјави Алионе.

FranceInfo објави дека 468 лица биле спасени со чамци откако избегале од пожарот кон плажите.

притисни ентер