Николовски од Битола: Да го одбереме Најдоброто за секоја општина, да продолжиме да им служиме

Добро вечер победничка Битола, нема поголема чест најголем дел од оваа бина да е резервирана за македонскиот исток, за новиот бастион на социјалдемократите и за новата најава на големата победа која што ќе дојде токму од македонскиот исток.

Затоа кога велиме дека изградивме 1.040 километри патишта, 60 градинки, 80 училишта, 56 полициски станици, над 50 здравствени објекти, кога збориме за вкупната реализација на проектите над 2000 проекти се реализирани токму во овие 4 години во овие 22 општини каде што граѓаните ни ја дадоа довербата каде заедно ќе продолжиме да работиме чесно, одговорно, посветено и да бидеме вистински сервис на граѓаните.

Победата ќе дојде од Илинден со Александар, победата ќе дојде со Бети во Петровец, победата ќе дојде во Зелениково со Борче, победата ќе дојде во Ранковце со Даниел, победата ќе дојде во Кратово со Влатко, победата ќе дојде со Драган во Пробиштип, победата ќе дојде најголема исто така од Крива Паланка со Сашко, ќе дојде и со Горан од Делчево, со Соња од Македонска Каменица, со Славчо во Пехчево, со Ѕвонко во Берово, со еден од оние кој беа оценети како најдобри кандидати од граѓаните и најдобри градоначалници Николчо во Кочани, со победа одиме во Виница со Ивица, на победа одиме со Горан во Чешиново -Облешево, за прв пат ќе победиме и во Зрновци со Виктор, ќе победиме со Ненад во Велес, ќе победиме со Аце во Лозово, ќе победиме со Саше во Свети Николе, ќе победиме со Горан во Чашка, победата ќе дојде од Штип со д-р Сашко Николов, победата ќе дојде од сите овие 22 општини со Јордан од Карбинци и ќе ја заокружиме победата со Роберт во Градско.

Да продолжиме да служиме на граѓаните, да продолжиме по овој пат, по пат на развој, напредок и затоа на 17-ти октомври да излеземе да гласаме за Најдоброто и да гласаме за борјот 12 и на 17-ти октомври и на 31 октомври ќе ја заокружиме новата победа на Најдоборо, новоата победа на СДСМ, да сте живи и здрави, рече генералниот секретар на СДСМ , Љупчо Николовски.

Кој ќе седне во испразнетите пратенички столчиња по првиот круг од локалните избори?

Персоналните промени во пратеничкиот состав, сепак нема да влијаат на рамнотежата на силите.

Откако четворица досегашни пратеници од Собранието ќе заминат на градоначалничка позиција, во вториот круг на локалните избори уште тројца пратеници ќе ја бараат поддршката од граѓаните во обид да ја заменат пратеничката, со градоначланичка функција. Досега, избран беше пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, кој ќе биде градоначлник на Струмица, а на негово место доаѓа Љубица Спасова. На местото на тројцата пратеници од ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, Дарко Костовски и Иван Јорданов, доаѓаат Тони Јаревски, Зоран Коцевски и Драган Ковачки.Во вториот круг за градоначалничка функција се борат уште тројца актуелни пратеници Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Биљал Касами од Беса во Тетово и Коле Чаракчиев од СДСМ во Радовиш. Од ДИК велат дека:

-По утврдување на резултатите од гласањето во општината и Градот Скопје, на избраните кандидати за членови на Советот односно избраниот градоначалник ќе им биде издадено уверение за изборот веднаш по конечноста на изборите.- Државна изборна комисија.

Персоналните промени во пратеничкиот состав, сепак нема да влијаат на рамнотежата на силите.. Коалицијата СДСМ-БЕСА има 46 пратеници, од кои сега 4 ца се на БЕСА, а доколку Касами стане градоначлник на неговот место ќе влезе слендиот на листата, кој е од редовите на СДСМ.

Во оваа коалиција, по двајца пратеници имаат НСДП и ЛДП, и по еден од ДОМ, Демократски сојуз, ВМРО-НП, Партија на пензионери, Српска странка во Македонија и Партија за движење на Турците, Демократска партија на Турците, како и Зекри Рамчиловиќ како независен. Иако ЛДП и ДОМ настапија сами на изборите, засега сите партии јавно декларираа дека остануваат во мнозинството од вкупно 62 пратеници, кое го правата уште ДУИ со 15 пратенци и Мендух Тачи од ДПА.

Од друга страна, опозицијата има 58 пратеници. Од нив 44 се на коалицијата превдодена од ВМРО ДПМНЕ. Како дел од неа, двајцата пратеници има Социјалистичката партија, а по еден пратеник имаат ГРОМ и Демократската партија на Србите. Алијанса и Алтернатива имаат 12 пратеници, од кои 8 се на Села, а 4 на Гаши, а во опозицискиот блок се уште и двајцата пратеници на Левица.

По локалните избори, Заев најави окрупнување на мнозинството, а Мицкоски ново парламенатрно мнозинство, но никој засега не ги отрки адутите..

Ковачевски: Eлектрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста

Изјава на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

„АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува.

АД ЕСМ го засили ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинставата, и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана.

Компанијата во целост ги испорачува потребните количините електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

По одредени написи во дел од медиумите-уште еднаш потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите.

Во текот на наредните денови ќе склучиме договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година.

За РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

Истовремено, се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција.

Потенцираме, електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста.”

АД ЕСМ

Франција ги замрзнува цените на гасот до крајот на идната година

Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година, изјави францускиот премиер Жан Катекс, појаснувајќи дека ваквата одлука е донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите.

Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација” од 100 евра.

„Веруваме дека ова зголемување на цената ќе биде привремено, но не можеме да дозволиме да го попречи економското закрепнување” по пандемијата на коронавирусот“, нагласува Катекс. Тој истакна дека експертите веќе ја предупредиле француската влада дека „цените ќе се намалат побавно отколку што се очекувало.

притисни ентер