Николовски назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска беше назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција за борба со корупцијата.  

Оваа платформа која делува по примерот на Кралството Холандија и воспоставени позитивни практики во Албанија, ќе делува во насока на постигнување реални резултати во следната година. Со назначување на вицепремиерот Николовски на претседавачката функција ќе се постигне подинамична борба против корупцијата, а преку воведување на успешни меѓународни практики.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, посочи дека Антикорупциската деловна коалиција има за цел да промовира атрактивна деловна клима преку добро управување, застапување и одобрување на најдобрите меѓународни практики за интегритет и зајакнување на капацитетите меѓу јавните и приватните институции во Република Северна Македонија кои се клучни во градењето на одговорно деловно однесување.

„Оваа Влада покажа силна заложба за борба против корупцијата, токму со воведувањето на новата функција во Владата, на којашто сум поставен јас, а што е резултат на нашата силна определба за воведување на систем кој генерира и испорачува правда, правна држава ред и поредок. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата во секоја сфера од општеството. Во целиот процес важни ни се сите, институциите, бизнис-секторот, медиумите, невладиниот сектор, односно сите алки во општеството, за да обезбедиме редот и законот да важат за сите. Во анти-корупциската деловна коалиција за која релевантните чинители ме одбраа и назначија

како нејзин претседавач, заеднички ќе работиме на создавање на услови за атрактивна деловна клима преку добро управување, застапување и одобрување на најдобрите меѓународни практики за интегритет и зајакнување на капацитетите меѓу јавните и приватните институции во државата, кои се клучни во градењето на одговорно деловно однесување“, изјави вицепремиерот Николовски.

Претставникот од Антикорупциската бизнис коалиција, Габриела Кулебанова истакна дека коалицијата има за цел заедничка акција на надлежните институции и спроведување на мерки и активности за унапредување на доброто владеење и јакнење на културата на интегритет.

„Денешниот настан има за цел да ја официјализира поддршката на Владата со цел интензивирање на активностите на Антикорупциската деловна коалиција во борбата со корупцијата. Очекуваме активностите да добијат на интензитет, а меѓународните клаузули и практики кои имаат голема улога во спречување на корупцијата ќе станат дел од нашата пракса во креирање на договорите. Како клучни стратешки чекори кои е потребно да се реализираат е препорака од страна на Владата за употреба на ICC антикорупциската клаузула во договорите за јавните набавки, како и воспоставување на институционална поддршка за упатствата на ОЕЦД. Силно веруваме дека резултати кои биле посакувани со децении, но не биле постигнати на национално ниво, со заеднички сили за кратко време ќе ги постигнеме“, изјави Кулебанова.

На работениот состанок, кој се одржа во услови прилагодени на пандемијата присуствуваа и Данела Арсовска, претседавач на Интернационалната стопанска комора, Роберт Декер, заменик амбасадор на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, претседателката на Државната комисија за борба со корупција Билјана Ивановска, директорката на Академијата за обука на судии и јавни

обвинители Наташа Габер Дамјановска и Главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски.

Во изминатиот период во рамките на коалицијата воспоставена е комуникација и се преземаа активности со релевантните институции кои се важни алки во синџирот и секоја од свој аспект може да даде придонес во борбата со корупцијата,се наведува во соопшштението од кабинетот на Николовски.

Заеднички особини и својства на луѓето кои изневеруваат

Приватни детективи од САД откриваат дека повеќето неверни мажи кои ги следат, најмени од нивните партнерки, честопати повторуваат исти вообичаени работи пред да одат кај љубовницата.

Истражителот Реј Рано од Конектикат вели дека следењето мажи може да биде многу досадно, па лесно се сфаќа „шемата“ од показатели коишто редовно му укажуваат дека прељубникот е на пат кон љубовницата. Раскажува само за дел од нив.

- Ако тргнал да се види со својата љубовница, мажот обично претпочита чист автомобил... Редовно оди во пералница за автомобили... Неверојатно е колку често го прават тоа. Жените не толку. Жените ретко го перат автомобилот пред неверството, бидејќи најчесто мажите се оние кои сакаат да возат. Многу ретко гледам момчето да влезе во автомобил на жена, рече Рано за „Локд ин“ (Locked In).

Тој појаснува и како ги снима своите „мети“ без да забележат - на пр., ја лепи камерата во пластична чаша за кафе.

- Ако седнам во кафуле или влезам во супермаркет - каде и да треба да бидам, само го симнувам капачето (од чашата) и така изгледа како да шетам со кафе в рака. Всушност, снимам сѐ, изјави тој.

Откако ќе собере доволно докази, видеата и сликите одат кај тој или таа што му плаќа.

Според истражување на „Ју-гов“ (YouGov) од 2022 година, 54 отсто од Американците откриле дека биле изневерени во моногамна врска - емоционално, физички или и двете. Приватниот детектив Арон Бонд вели дека дури и пред да го најмат за неговите услуги, луѓето кои се сомневаат во својот партнер ги забележуваат истите знаци.

- Кога партнерот ќе почне да се однесува поинаку со мобилниот телефон, тоа е знак дека можеби нешто не е в ред. Ако почне да го носи телефонот насекаде, дури и низ дома, или измислува изговори кога го / ја замолувате да Ви го даде телефонот, тоа може да биде знак дека тој / таа е во неверство, вели тој.

Следен признак на неверните луѓе е тоа што покажуваат помал интерес за партнерот. Заеднички поминатото време е сѐ помало, не покажува многу возбуда кога ќе Ве види, се повлекува, не сака да зборува за настаните од својот ден итн.

- Ако чувствувате дека Вашиот партнер одеднаш Ве избегнува и не сака повеќе да ги прави вообичаените работи со Вас... Тоа се предупредувачки знаци. Партнерите често ги избегнуваат своите сопружници или им кажуваат помалку за својот ден, бидејќи е невозможно да се запомнат сите лаги, објаснува професионалниот детектив.

И зголеменото и намаленото либидо може да биде признак за тајната.

- Прељубниците честопати се помалку заинтересирани за секс дома, бидејќи веќе го имаат надвор. Но, понекогаш може да бараат и повеќе секс дома затоа што се чувствуваат виновни. Тие го користат водењето љубов за да ја сокријат својата измама, вели Бонд.

Натаму, стресот од изневерувањето и чувањето сè внатре - може да предизвика многу негативни емоции коишто потоа ќе се излеат на површина во облик на вербални напади кон сопружникот.

- За да се ослободат од тензијата што ја чувствуваат внатре, ќе се обидат да се убедат себеси дека Вие сте проблемот и од никаде стануваат критички настроени кон вас, појасни Бонд.

Сепак, тој предупредува оти секоја врска е различна и дека овие знаци може понекогаш да укажуваат и на други, сосем различни проблеми. /МИА

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

притисни ентер