Николовски на трибина во Пробиштип: И анкетите потврдуваат, „Најдоброто" е во СДСМ

На секому му е јасно, сите знаат а тоа е потврдено и со анкети на јавното мислење, „Најдоброто" е во СДСМ, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски на трибината „Најдоброто за нашата општина" во Пробиштип.

- Денеска анкета на „Брима" потврди дека Најдоброто е повторно во СДСМ и затоа треба да се гордееме за се она што го правиме, затоа што го правиме чесно, искрено одговорно, со многу труд и посветеност во интерес на граѓаните. Денеска покажавме не на било која анкета, туку на анкета на Брима, дека СДСМ има водство пред ВМРО-ДПМНЕ и тоа водство се зголемува, дека заедно со коалицијата имаме сериозно водство, дека го имаме единствениот концепт кој нуди подобра иднина и за младите и за сите граѓани во оваа држава, посочи Николовски.

Генералниот секретар Николовски истакна дека за разлика од СДСМ која постојано се манува за подобро да им служи на граѓаните, од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

- Од друга страна го имаме истото ВМРО-ДПМНЕ со целокупната криминална структура во врвот на партијата. Партија која цели четири години не се реформираше, а Мицкоски пред некој ден вели завршија реформите во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека од таму нема ниту ќе има квалитетна понуда ниту на кадри и програми. Единственото нешто што од нив го видовме овие години беа само блокади и кочници на иднината на држават и на се што е добро за граѓаните. Беа против укинување на радиодифузна такса, против зголемување на минимална плата, против проектот Мој ДДВ, против поголема социјална помош, против, зелена нафта, затоа што тие се учени парите од граѓаните да ги вадат надвор од државата и да го пљачкаат сопствениот народ. Силно се спротивставивме на тие погубни политики и затоа довербата на граѓаните во СДСМ расте и затоа ВМРО-ДПМНЕ денес не е опција, затоа што оттаму, граѓаните не можат да очекуваат ништо ново, порача Николовски во Пробиштип.

Речиси три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина.

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.

Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.

„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.

Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања, ние ќе водиме позитивна кампања

Не очекувам власта да престане со црната кампања, додека ние ќе водиме позитивна кампања со проекти и решенија на проблемите.

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.

Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.

Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.

Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.

притисни ентер