Николовски: Истрагите за модуларните болници не ги води Владата

Истрагите за модуларните болници не ги води Владата, туку задолжените институции на системот.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска соопшти дека Владата не може да води никакви истраги за тоа дали има корупција при јавните набавки за модуларните болници, бидејќи за тоа се задолжени институциите на системот – обвинителствата, судовите и сите оние органи кои, како што рече, ги охрабрува да си ја работат својата работа.

– Никаде не сме кажале дека ќе водиме истраги, заради тоа што ниту имаме ингеренции, ниту законски можности да правиме какви било истраги. Јас лично имам мандат со мандатно писмо од претседателот на Владата да се фокусирам токму на ова што го зборуваме и ние немаме никакви други ингеренции. Да ја зголемуваме транспарентноста, отчетноста, да воведуваме механизми за борба против корупцијата, да воведуваме системски мерки, како што е овој нов портал со кој сите денеска се гордееме што го воведуваме и да воведуваме законски решенија, механизми и политики преку кои ќе ја елиминираме корупцијата на сите нивоа, изјави Николовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше промовиран новиот „Електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација".

За трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, Николовски нагласи дека за овој случај се очекува независна, транспарентна и брза истрага и постапка која, како што рече, треба да финишира и да се утврдуваат причините зошто се случи овој немил настан.

– Апелирам (случајот) да не се злоупотребува во дневнополитички цели. Навистина граѓаните се гневни што ваков немил настан се употребува од страна на политиката. Само ќе апелирам независните истраги, постапките да се забрзаат и целата јавност да ги знае причните за она што се случи. Обвинителството ја има земено таа обемна документација што се однесува на модуларните болници кои се направени преку проект на Светска банка, посочи Николовски, додавајќи дека токму тие модуларни болници спасија илјадници животи на наши сограѓани кои беа заразени од Ковид-19.

Според него, затоа треба многу одговорно, транспарентно, отворено и непристрасно да ги почекаме сите информации и сите податоци и институциите да си ги водат истрагите.

– Ние сме тука да воведуваме системски мерки и политики кои се однесуваат за борбата против корупцијата за која бараме широка поддршка и широк фронт за заеднички да успееме во таа цел, нагласи Николовски.

На новинарско прашање за тоа дали Министерството за информатичко општество и администрација е одговорно за трагедијата што се случи во Тетово, ресорниот министер Јетон Шаќири, кој присуствуваше на промоцијата на новиот Електроонски систем, не даде коментар.

Сафади: Јордан нема да дозволи да биде вмешан во судирот меѓу Иран и Израел

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа земја, повикувајќи се на зборовите на јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади до неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан.

„Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само за одвлекување на вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се додава во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за нападот на Израел врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет полицајци кои ги придружувале.

Иранските власти, исто така, претходно оваа недела го критикуваа Јордан за отворање на воздушниот простор во одбрана на Израел за време на иранскиот беспилотен и ракетен напад.

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

притисни ентер