Николовски: Интерпелација за Димитров заради тоталното фијаско со евроинтеграциите

Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори  за членство во ЕУ. 

Николовски: Интерпелација за Димитров заради тоталното фијаско со евроинтеграциите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кого го обвинува за тотално фијаско во евроинтеграциите и неуспех за почеток на преговори за членство во ЕУ, а чиј почеток, како што оцени на почетокот на собраниската дебата пратеникот Александар Николовски, ќе бил единствениот мотор што ќе ја придвижел напред државата.

Николовски, образложувајќи ги причините за интерпелацијата во Собранието, истакна дека очекува таа да биде прифатена поради „тоталното фијаско со европските интеграции на државата што е целосно спротивно на ветувањата на владејачкото мнозинство".

-Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме тука во Собранието во услови кога Македонија воопшто не почнала преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога и дали воопшто ќе ги почне е најголемо фијаско што можеше да и се случи на оваа Влада, рече Николовски, дополнувајќи дека за ваквата состојба најодговорни се Димитров и претседателот на Владата.

Од нивна страна, како што рече, имало бројни изјави и лаги за тоа дека сме добиле датум за почетокот на преговори. И во изборната програма владејачката СДСМ, посочи Николовски, излажа дека Македонија добила датум за почеток на преговори на 26 март 2020 година, денес е февруари 2021 година, а Македонија не преговара затоа што не доби датум за преговори.

Меѓу причините за интерпелацијата Николовски рече дека Димитров е архитект на Договорот за добрососедство со Бугарија, којшто, потенцираше, има голема фалинка во себе, односно нема никави заштитни калузули што ако Бугарија не го почитува својот дел од Договорот.

-Треба да сте тотален политички аматер да потпишете договор со соседна држава која ви ги подрива основните темели на државата и притоа да немате никави гарантни механизми во него, како што исто така треба да сте тотален политички аматер да прифатите Комисија за историјата да одлучува за иднинатата на државата. Тоа го пишува во точката 8.2. На Балканот каде што секој има свое толкување за историјата да прифатите Комисија за историјата да одлучува за иднинатата на државата е или политичи аматеризам или скриена агенда. Јас се сомневам во второто, рече Николовски, забележувајќи меѓу другото и што со Договорот Бугарија не била обврзана да ја поддржи нашата држава за членство во ЕУ, туку само да сподели искуство за тоа.

Според Николовски, не е толку голем проблем што државата не почнала преговори, туку тоа што животот во државата оди надолу.

-Единствениот мотор кој можеше да ја придижи напред е почетокот на преговори кој упорно не се случува, рече Николовски, прашувајќи дали тоа всушност е сценарио кое и одговара на власта со цел да нема контролни механизми и да нема притисок за реформи.

Пратеникот Николовски со критики и за тоа што со месеци не добил одговор на прашањето кога последен пат Заев како премиер бил во официјална посета на негов колега премиер или претседател на развиена западноевропска држава.

– До денес нема одговор. Јас ќе ви го дадам одговорот до пред да се случи аферата Рекет затоа што на иста маса не седат со корумпиран човек затоа што треба и тие после да излезат пред својата јавност и политичките опоненти и ќе ги прашуѕвате зошто седите со вакви. Тоа е тажната вистина за Македонија.Тажната вистина за Македонија е дека четири години не почнува преговори за членство со Европската унија и тоне во криминал и корупција и затоа оваа интерпелација денеска треба да биде прифатена, рече Николовски.

Тој најави дека интерпелацијата е само првиот чекор од планот на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, се надевам во соработка со останатите опозициски политичи партии со крајна цел уривање на парламентарното мнозинство и Владата и формирање нова во рамки на овој парламентарен состав. /МИА.

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

 Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. 

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

- Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

притисни ентер