Николов: Не влегувајте во криминалните шеми на Филипче и Заев

„Менаџери на јавните здравствени институции, не ги потпишувајте наметнатите договори за стерилизација, не влегувајте во криминалните шеми на Филипче и Заев““.

Додека се обидуваат да ја анимираат и манипулираат јавноста со датум за вакцини, надлежните продолжуваат и понатаму со проекти и договори со кои штетно го демонтираат и приватизираат јавното здравство во Македонија.

Наместо реорганизарање на здравствениот систем за да одговори соодветно на корона пандемијата, Филипче и Заев ставиле акцент на демонтирање и распродажба на јавното здравство. Оттука, јасно е зошто нема вакцини, фокусот им е кон демонтирање на јавното здравство.

Што направи Владата во сегментот на стерилизацијата? Најдоа компанија која ќе ја врши стерилизацијата во јавните здравствени установи ширум државава, на директорите им доставија модел договор за потпишување. Или директорите ги ставија пред свршен чин.

Јавно ги прашуваме организациските и медицинските директори:

Дали со договорот кој што ве тераат да го потпишете и ве уценуваат, за да си ги зачувате работните места, буџетот кој се троши за стерилизација во јавните здравствени установи ќе биде 10 пати поголем од оној што се троши до сега?

Кои се предностите од овој договор за стерилизација, има ли воопшто предности? Ги знаете ли деталите на договорот?

На годишно ниво за една болница во Македонија тоа би изгледало отприлика вака. Доколку таа во 2020 година трошела три милиони и двесте илјади денари, според новиот договор истата болница ќе троши 76 милиони денари годишно.

Можеби најважен дел, од ова криминално јавно-приватно партнерство, е што Фондот за здравствено осигурување, предвидено е да одобрува условен буџет за секоја јавна здравствена установа. Со истиот ексклузивно ќе се плаќаат услугите на приватниот партнер. Со ова практично ќе му се овозможува редовна и непречена наплата на приватниот партнер, но, не и на останатите компании. Со ова останатите економски оператори кои испорачуваат стоки и услуги за клиниките, се ставаат во подредена и крајно неповолна положба.

Апелираме до менаџерите на јавните здравствени установи да не ги потпишуваат овие договори, без притоа, до детаљ да бидат запознаени што добиваат со истите.

Ќе дојде време на одговорност, и одговорноста ќе остане за тие што ги потпишале договорите.

Едноставно е, не влегувајте во криминалните активности на Владата предводена од Зоран Заев.

Игор Николов

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер