Николов: Еве податоци кои покажуваат дека поголема смртност од нас во регионот има само Романија

Во стилот на старите добри сталинистички времиња, се јави Венко Филипче со триковите и финтите на Зоран Заев да ја корегира опозицијата, но и да прати абер до оние новинари што малку повеќе анализираат.

Број на починати од Ковид на 1 милион жители.

Во стилот на старите добри сталинистички времиња, се јави Венко Филипче со триковите и финтите на Зоран Заев да ја корегира опозицијата, но и да прати абер до оние новинари што малку повеќе анализираат. По примерот, на Заев кој пред некое време објави табели за платите на докторите и сестрите, но со ситни букви дека станува збор за бруто плата, така и Венко ги заменува статистичките термини смртност и број на починати на 1 милион жители.

Користејќи различни термини, исто како што правеше на почетокот на епидемијата, кога опозицијата апелираше да се подготвиме за ударот и да се превземат мерки, Венко Филипче објаснува дека се злоупотребува терминот смртност за политички цели, а всушност во јавноста се зборуваше за број на починати од Ковид на 1 милион жители. Смртноста ни била добра од Ковид, иако тој и Министерството, не обезбедија респиратори. Не обезбедија тестови чии резултати ќе ги имаме брзо и ќе се носат одлуки брзо за секој пациент дали е Ковид + или не, па сега ќе се фали дека тестирал пост мортем. Се во име на транспарентноста и маркетингот зачинет со ПР трикови.

Еве неколку линкови и табели со анализа кои зборуваат за број на заразени и починати на милион жители каде што Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија. Ова нема што да не зачудува. Во системот не се промени ништо, лекарите и здравствените работници беа тие кои се судрија со вирусот,а кои беа оставени без опрема на почетокот и со цело срце и душа влегоа во битка со Ковид-19, додека нивниот ПР Министер држеше пресови 2 пати на ден. Се е транспарентно како што вели и велеше Венко и тоа два пати на ден на прес конференција.

Доколку беше транспарентно, јавноста ќе имаше увид на кој начин ја составил Комисијата за заразни болести, зошто го сменил пред 1 месец претседателот на Комисијата на заразни болести, ќе имаше увид во тестовите, времето и бројот на на нивното соопштување, ќе имаше увид колку години се стари респираторите кои се користат на Инфективна клиника, дали функционира собата со негативен притисок, колку квадратни метри простор има по пациент на интензивна нега, каква дијализа има ацетатна или бикарбонатна, колку денови во просек биле на респиратор починатите, зошто сеуште немаме неинвазивни вентилатори така наречени „кациги„ CPAP кои што ги гледаме на клиповите од италијанските болници. Тоа е транспарентност, се друго е ПР Маркетинг на кој министерот не одолеа да му се спротивстави, па виновни му се новинарите и опозицијата.

Класичен Сталинизам....

https://www.statista.com/statistics/1104709/coronavirus-deaths-worldwide-per-million-inhabitants/?fbclid=IwAR2NAolX_i7oj9Lb5AdCsBqTjKcVME1_v3MciPALCnnZvIHj6bmwUy8-CsQ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер