Николоски: Заев наместо да се извини и повлече од изјавата влегува подлабоко и руши позиции

Заев наместо да се извини и повлече од изјавата во однос на јазикот, идентитетот и историјата, тој навлегува подлабоко и ги руши позициите на Македонија.

Срамот на Зоран Заев да не дозволиме да стане колективен срам.

Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини, и да повлeче од изјавите претставуваат удар темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ тој уште подлабоко навлегува во небулози, навреди кон својот народ, историски мисинтерпретации и драматично ги руши позициите на сопствената држава и народ.

Заев е изолиран во намерата да го избрише македонскиот национален идентитет, да се откаже од историјата, а со тоа да нанесе штети на државата кои ќе имаат далекусежни последици кои што значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичко наследство, тоа е она што го прави Зоран Заев овие денови.

Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти кои се вистинските ослободители, Заев ги става на другата страна, а добро знаеме дека антифашистичката борба се темелеше на илинденската борба, добро знаеме дека антифашистичката борба е продолжување на сонот на илинденците и со ова што Зоран Заев ја укинува и македонската државност, како и традицијата на народноослобителните борби од илинденскиот период и антифашистичкиот период, спротивно и на Уставот на Република Македонија.

Зошто го прави Зоран Заев ова? За фотелја, за власт и бизнис интереси,за своите фирми во Македонија, но и за своите фирми во Бугарија. Ова го прави за голо останување на власт и уште малку финансиска корист и интерес за него и неговите блиски, тоа тажната вистина.

Несогледливи се последиците од неговите ставови во понатамошните разговори.Ова што го прави е целосно рушење на позициите на Република Македонија на трајна основа, ова што го прави значи целосно рушење на било каква преговарачка позиција на Република Македонија во иднина.

И затоа ден поскоро, час поскоро да си поднесе оставка и да си замине.

Зоран Заев треба да си даде оставка и да замине. ВМРО-ДПМНЕ по завршуивањето на 100-те од доаѓањето на Владата ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија. И очекуваме Владат да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев.

Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат против овој национален срам и национално понижување. Само со оставка на Зоран Заев и изгласување недоверба на Владата која тој ја води ќе има шанса да се подобрат македонските преговарачки позиции а исто така и да се врати македонското национално достоинство.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денеска ќе бидеме низ Македонија. Во 18:00 часот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ги повикуваме сите граѓани да се соберат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

Заедно, сплотени, обединети без разлика на партиска или политичка припадност да ја одбраниме Република Македонија, да ја одбраниме самобитноста на македонскиот народ, на македонскиот јазик, на македонската историја и македонското наследство.

Ве повикувам сите да излезете и да не подржите!

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Груби со груби лаги сака да се вади

 Груби со груби лаги сака да се вади-Неговото министерство исплатило пари на туристичката агенција на брат му Ветон Груби.

Артан Груби безочно ја излажа јавноста. Тој кажа дека министерството кое го управува не исплатило средства на компанијата на неговиот брат, а вистината е дека министерот Артан Груби директно плаќал на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби.

Народот вели дека тој што лаже, тој и краде.

Ова не е единствена исплата на народни пари на име на ЕТЦ Травел. И Владата во периодот од 2020/21 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби.

Да потсетиме дека оваа туристичка агенција на Груби беше дел од скандалот со деловниот простор во центарот на градот кој го купиле по цена од багателни 700 евра за квадрат. И во овој случај, како и во случајот со директната исплата на средства од Груби за Груби, постои основан сомнеж за злоупотреба на позицијата.

Колку повеќе афери и криминали се поврзуваат со Артан Груби, толку тој стана многу понервозен. Затоа Груби со груби лаги сака да се вади, ама уште повеќе се заплеткува. Скандалозниот тендер за надзор на изградбата на автопатите од 22 милиони евра, сомнителната продажба на хотел на Попова Шапка, фирмата за баждарење и уште многу скандали се поврзуваат со Груби. Јавното обвинителство треба час поскоро да се позанимава со овие случаи, а доколку ги забошотува, тогаш и самите тие стануваат негови соучесници.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Топ-25 листа најпривлечни туристички знаменитости во Европа

 На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства.

Списанието „Травел & лејжр“ (Travel & Leisure), со мрежа од стотици објавувачи и фотографи ширум светот, редовно на своите читатели им овозможува увид во најдобрите места за туризам, престој, јадења, истражување... На топ-листите, покриени се големи и мали градови, докажани дестинации, плажи и езера, планини и долини, национални паркови, можности за крстарења, врвни гастрономски искуства.

Следи новата листа 25 најубави места за посета во Европа:

- Вила „Руфоло“ во градот Равело, Италија;

- Плажата Егремни, Лефкада, Грција;

- Палатата „Пена“, Синтра, Португалија;

- Островот Госпа од Шкрпјела, Црна Гора;

- Бриж, Белгија;

- Опатија на Пресвета Богородица од Сенанк, Гордес, Франција;

- Португалскиот остров Сао Мигел, од архипелагот Азури;

- Кеукенхоф, Лисе, Холандија;

- Шато де Шамбор, во долината на Лоара, Франција;

- Националниот парк Плитвички Езера, Хрватска;

- Колосеумот во Рим, Италија;

- Лапонија, Финска;

- Сан Фрутуозо, Италија;

- Островот Скај, Шкотска;

- Хотелот „Сељаландсфос“ во Хволсволур, Исланд;

- Црковниот храм „Ла саграда фамилија“, Барселона, Шпанија;

- Замокот „Нојшванштајн“ во Швангау, Германија;

- Гејрангерфјорд, Норвешка;

- Ѕидовите на Дубровник во Хрватска;

- Халштат, Австрија;

- Гранд Плас, Брисел, Белгија;

- Ушгули, Грузија;

- Нихавн, Копенхаген, Данска;

- Сината лагуна на Исланд;

- Ракоцбрике, Кромлау, Германија.

Македонија домаќин на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Еуро 2024

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва  на арената Тоше Проески  ги започнува натпреварите во нов квалификациски цикслус за едно ЕУРО.

Црвено жолтите вечерва на нашиот најголем стадион се домаќини на Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европскиот шампионат во 2024 година.

Нашите најдобри фудбалери на овој дуел влегуваат како фаворити и се надеваат на три бода на стартот во квалификациите за Еуро 2024.

Капитенот Стефан Ристовски посакува победа за зголемувањето на самодовербата пред средбите со посилните репрезентации.

- Се работи за една од потешките групи во овие квалификации, но низ целиот циклус се носевме ние со повреди и не бевме комплетни. Ние сме селекција која за жал нема голема ширина на играчи, но ете, драго ми е што сме сите тука моментално и се надевам дека низ целата година ќе бидеме здрави. Тоа е и најважно. Доволно се знаеме и сме искусни во оваа репрезентација. Кажав доста пати дека сите ривали се исклучително квалитетни репрезентации, тука се фаворитите за европската титула Ангилја и Италија, исто така и Украина која располага со одлични резултати. Одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари, изјави Ристовски.

Натпреварот ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

притисни ентер