Николоски со порака до Заев: Не ги троши украдените пари за пи-ар стратегии, ќе ти требаат после избори за адвокати тебе и на твоите пајташи

Ќе победиме во Струмица и во цела 4 ка. Прави Зоран Заев анкети како што правиме ние и знае дека дебело губи и на ниво на држава и во четвртата изборна единица.

,,Затоа слушам со овие украдени пари кои што ги краде од сите вас тука порано ги крадеше само од Струмица затоа што беше најкрими градоначалник кој што градот било кога го имал, сега ги краде од цела држава. Со тие украдени пари ангажирал една ПИ-ар агенција од Србија да му помага што да прави во четвртата изборна единица и седнале во Скопје, па им објаснуваат што е четвртата изборна единица кои има таму, кои се проблеми итн. Ама ја утнале работата Скопје е во првата изборна единица, не е во четвртата изборна единица, Струмица е во четвртата изборна единица, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во изборна единица 4 директно од општина Струмица.

Николоски го повика Заев да не ги троши украдените пари бидејќи како што рече тој ќе му требаат за адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и неговите пајташи.

Да го повикам од овде да не ги троши парите, ќе му требаат адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и на пајташиве негови. Пи ар агенции во четврта изборна единица не поминуваат, на струмичко поле, на гевгелиско поле, на прилепско поле, пи-ар агенции не поминуваат. Мотика треба, работа треба. Тие таму се незадоволни, несреќни, со испукани раце, со солзи во очите, таму пи-ар стратези не поминуваат за џабе. Зоран Заев не ги троши за џабе украдените пари, вели Николоски

Ве повикувам на масовна на огромна излезност на 15 јули сите заедно да ставиме крај на овие три години ненародна власт. Знаете дека изборите беа закажани за 12 април основна причина зашто ги одложивме беше пандемијата со корона вирусот. Кога се разговараше за нов датум за избори првата работа која што ја побара ВМРО-ДПМНЕ и ја доби беше добри здравствени протоколи кои што ќе гарантираат на секого кој што ќе излезе на гласање дека здравјето ќе му е заштитено и дека не треба да стравува за сопственото здравје. Тие здравствени протоколи ги имаме и ве молам да ги испочитувате и масовно да излезете на гласање за да на 15 јули ја направиме промената, додаде тој.

Николоски истакна дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е во тоа што СДСМ сака луѓе со свиткана кичма, а ВМРО-ДПМНЕ сака горди Македонци.

Тие сакаат вие да седите дома, ние сакаме вие да излезете и да одлучите. Тие сакаат луѓе со свиткана кичма ние сакаме горди македонци. Тоа е суштинската разлика, изјави Мицкоски.

Николоски нагласи дека во проектот Обнова за Македонија сериозен дел е посветен на владеење на правото.

Во нашата програма обнова на Македонија имаме сериозен дел кој што е посветен на владеење на правото. Ќе ги промениме законите за парнична и процесна постапка, за да не може три месеци судијата да заборава да свика рочиште па да почнуваат од почеток судењата. Да не може некој поротник намерно да се става пред пензија па да стигне до некаде судењето па да се враќа назад. Да не може по фиока да се чуваат предмети, да не може да се уценуваат луѓе. И да не може тие што се во бизнис криминална коалиција со било кога да им се завлекуваат судењата. На тоа ќе ставиме точка, имаме добар тим кој што ќе ја направи таа работа, посочи Николоски.

Втора работа. Потекло на капитал, секој што се занимавал со јавна функција во овие 30 години да си го докаже потеклото на капиталот и богатството кое што го има. Да видиме кој како заработил. Ако може да докаже со среќа да му е чесно го заработил ако не може како што е редот во секоја нормална европска држава 70 % да си го оданочи од државата да си оди назад кај народот тоа што е украдено и плус кривично да си одговара.

Николоски рече дека петти ден по ред го повикува Заев да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на своето богатство и капитал и на своето семејство.

Пет дена го повикувам Зоран Заев да излезе и да каже дали е во можност да излезе и да си го докаже потеклото на имотот потеклото на богатството на неговото семејство кое што во овие 18 години колку што е вкупно на власт стана најбогато семејство во Македонија и најбогато семејство на Балканот. Пет дена го повикувам пет дена не дава одговор затоа што одговорот е јасен. Ние тој закон ќе го донесеме и има да се испита на секого на кој начин и како се стекнал со богатството, истакна тој.

Николоски посочи дека на Струмица и требаат две работи и тоа расчистување од криминалот и ослободување на народот.

На Струмица повеќе од било кој друг град во Македонија и требаат две работи. И треба расчистување со криминалот и ослободување на народот.

Крајот им доаѓа. Вие ќе им го напишете крајот на 15 јули. Ништо не им можат да не им се плашат. Да не им паѓаат на уцени на поткупи на притисоци. Тоа да им кажете од сите нас тука. Да не им се плашат, да се ослободат заеднички да ја ослободиме Струмица од криминалот и корупцијата, нагласи Николоски од струмичкиот плоштад.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 193 возила

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. 

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на продолжениот викендов го искористиле 193 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Млад знак": Со знаковен јазик сите се вклучени, да се воведе неонатален скрининг на слухот

 Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак" изминатата недела ја одбележуваше Меѓународната недела на глуви лица. 

Оваа иницијатива на Светската федерација на глуви се одбележува во последната недела од септември секоја година, со цел да се подигне свеста за правата на глувите лица и да се признае употребата на знаковните јазици во сите аспекти од општествениот живот.

Како дел од активностите членовите на „Млад знак" со поддршка од Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија одржа настан на кој пошироката јавност имаше можност да се запознае со дел од нивната култура и нивното основно средство за комуникација – македонскиот знаковен јазик, соопшти здружението „Млад знак".

-Знаковниот јазик е природниот јазик на глувите лица, нивниот лингвистички идентитет и основно средство за комуникација. Повеќе од 200 различни знаковни јазици кои се користат во светот, се мајчин јазик на повеќе од 70 милиони глуви лица ширум светот. Знаковните јазици исто така се мајчин јазик на децата кои слушаат, а потекнуваат од семејство на глуви родители. Знаковните јазици се полноправни јазици и иако се структурно различни од говорните јазици, ги имаат истите јазични својства, па затоа заслужуваат да го добијат истото законско признавање и да добијат еднаков статус со говорните јазици. Само на тој начин владите ќе бидат обврзани да ги преземат соодветните чекори за да обезбедат услуги и пристап до знаковниот јазик, стои во соопштението.

Раното откривање на оштетувањето на слухот кај децата и обезбедување пристап до знаковен јазик во раното детство, како што потенцираат од здружението, е многу важно за развојот на глувите деца.

Затоа, наведуваат, е неопходно воведување неонатален скрининг на слухот во нашата држава, кој ќе ги опфати сите новороденчиња, без исклучок. Само на тој начин навреме ќе се открие оштетувањето на слухот и ќе може да се започне со интервенција која ќе вклучува услуги за бесплатно изучување на знаковниот јазик за семејствата на глувите деца. Деведесет и пет отсто од глувите деца се раѓаат во семејства во кои родителите слушаат и не се информирани за постоењето на знаковниот јазик и важноста на неговата употреба во комуникација со нивните глуви деца. Затоа повеќето од овие деца многу доцна или воопшто не се изложуваат на знаковниот јазик, што може да резултира со задоцнет когнитивен развој и помалку шанси успешно да се совладаат јазикот и комуникацијата.

-Доколку семејствата имаат пристап до знаковниот јазик, веднаш по откривање на оштетувањето на слухот кај нивното дете, и го користат во секојдневната комуникација во домот, тоа ќе помогне во развојот на јазикот и збогатување на вокабуларот на нивните глуви деца, ќе ја олесни комуникацијата помеѓу членовите на семејството и ќе им овозможи на децата полесно да ги искажат своите потреби и мислења, да напредуваат и да се развиваат, стои во соопштението.

Се упатува и на тоа дека услугите за семејствата треба да се обезбедат и во текот на образованието на нивните глуви деца. Пристапот до инклузивно – двојазично образование на македонски знаковен јазик – ќе им овозможи на глувите деца да продолжат да се развиваат, да го достигнат својот потенцијал и да станат рамноправни членови во заедницата и активно учествуваат во сите аспекти на општественото живеење. Исто така, на глувите лица треба да им се обезбеди пристап услуги од сертифицирани толкувачи на македонски знаковен јазик во високото образование, сите институции за здравствена заштита и во правосудниот систем.

–Нешто што е помалку познато е тоа дека знаковниот јазик, со мало прилагодување, може да биде одлична алатка за подобрување на комуникацијата и кај лицата со аутизам. Нашето здружение во изминатиот период соработуваше со здружението „Сина Светулка" во изработка на видеа со поими од македонскиот знаковен јазик, кои беа прилагодени на едноставен знаковен јазик и се наменети за семејствата на деца со аутизам и стручните лица кои работат со оваа популација. Видеата заедно со други ресурси за работа со деца со аутизам се достапни на https://sinasvetulka.mk/, .информираат од здружението.

Се разгоре конфликтот во Нагорно Карабах, над 500 загинати ерменски војници

Ерменските вооружени сили во судирите во Нагорно-Карабах претрпеа големи загуби – најмалку 550 лица се убиени и ранети, објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на министерството за одбрана.

Претходно, ерменскиот министер за одбрана Рафи Хованисијан изјави дека Баку загубил околу 200 војници, како и околу 30 тенкови и оклопни возила.

Портпаролот на ерменското министерство за одбрана Степанјан, исто така, објави за своите загуби, дека се убиени 16 лица и над 100 ранети, а претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах пријави десетици убиени и ранети.

Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот. Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека Карабах бил „подложен на воздушни и ракетни напади” од Азербејџан. Баку тврди дека ерменските сили први отвориле оган, а азербејџанските трупи започнале со контраофанзива.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и голем број светски лидери ги повикаа двете земји веднаш да ги прекинат воените дејства.

притисни ентер